• петок, 05 јули 2024
МИА Флеш

4 јули 2024

- Доктор Соња Николова е новата директорка на Институтот за радиологија, потврдија за МИА од Министерството за здравство. Новиот министер за здравство Арбен Таравари смени повеќе директори на јавни здравствени установи, а најави уште неколку до крајот на неделава.

 - Во Јавното претпријатие за државни патишта беше извршено примопредавањето на функцијата меѓу новоназначениот в.д. директор Коце Трајановски и досегашниот директор Ејуп Ристеми. Двајцата за овој чин информираа на социјалната мрежа „Фејсбук“. 

 - Министерот за правда Игор Филков упати честитка до aмбасадорката на САД, Анџела Прајс Агелер, по повод 4 Јули - Денот на независноста на Соединетите Американски Држави.

 - Транспаренси Интернешнл-Македонија по следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата ги соопшти актуелните за јуни 2024 година „бистри” и „матни” случаи.

 - Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави Обвинителен предлог против 31-годишен жител на селото Грчец за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 5 во врска со став 4, како и ставовите 1 и 2 од Кривичниот законик.

- Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска денеска на прес-конференција рече дека доколку се анализираат кадровските решенија што во првата фаза ги назначила Владата очигледно е дека Христијан Мицкоски посегнува по стари кадри.

 - Двајца кавадарчани се приведени поради физички напади. Едниот ја нападнал сопругата и нејзиниот татко, а другиот е пријавен дека ја нападнал мајка си, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Само една плажа на струшкото крајбрежје има обучени спасувачи на отворени води, интерес кај концесионерите речиси и да нема, потврди за МИА Адуриме Даути, секретар на Општинската организација на Црвен крст - Струга, преку која се спроведува ангажирањето на лиценцирани спасувачи на вода.

 - Обидот за убиство на словачкиот премиер Роберт Фицо е преквалификуван во терористички чин, соопшти денеска словачкиот државен обвинител Марош Жилинка.

 - Романската владејачка коалиција составена од леви социјалдемократи и централно-десничарски либерали денеска објави дека претседателските избори ќе се одржат на 24 ноември и 8 декември, додека парламентарните избори ќе се одржат на 1 декември.

– Меѓу земјите членки на НАТО расте загриженоста за ризикот по сплотеноста на Алијансата и посветеноста на Париз на поддршката на Украина, доколку по вториот круг од парламентарните избори во Франција в недела, екстремната десница стане дел од француската Влада, наведува бриселскиот информативен портал „Еурактив“, пренесувајќи изјави на дипломати во Пактот кои побарале анонимност. 

- Портпаролката на француската влада Приска Тевено била нападната за време на кампањата, само неколку дена пред вториот круг од парламентарните избори, соопштија денеска официјални лица.

 - „Шангајската Организација за соработка (ШСО) денеска од самитот во Астана ќе повика на создавање фер мултиполарен светски поредок “, рече рускиот претседател Владимир Путин, користејќи ја фразата упатена против хегемонијата на САД, која тој силно ја осудува.

 - Израелската левичарска организација Мир сега (Шалом Акшав) денеска соопшти дека Израел одобрил присвојување на најголемиот дел од земјиштето на окупираниот Западен брег за период од околу три децении.

- Либанскиот Хезболах денеска објави дека истрелал повеќе од 200 ракети врз неколку воени бази во Израел како одговор на вчерашниот напад во кој загина еден од нивните команданти.

– Министерот за надворешни работи на Индија Субрахмањам Џаишанкар денеска разговараше за граничните спорови меѓу двете земји со неговиот кинески колега Ванг Ји, при што двајцата се согласија дека треба да се одржат повеќе разговори за решавање на споровите, соопшти индиското МНР.

 - Голема црвена свиња опкружена со три човечки ликови - тоа е описот на засега најстарата откриена слика, создадена пред повеќе од 51.000 години, на ѕид во пештера во Индонезија. Со тоа, ова е најстарото уметничко дело во светот, објави денеска aвстралискиот Универзитет „Грифит“.

Тагови

Остани поврзан