• вторник, 03 декември 2024

Изјава за приватност

МИА ја почитува приватноста на корисниците на своите информативни сервиси и услуги, како и приватноста на посетителите на интернет страницата www.mia.mk.

Собирањето, чувањето, користењето и поништувањето на личните податоци се одвива во согласност со Законот за заштита на личните податоци (СВ. 7/05).

Сите лични податоци кои се добиени во електронска или друга форма, како и податоците кои лицето ги внело во обрасците и формуларите на интернет страницата www.mia.mk, се смета дека се добиени со согласност на тоа лице.

МИА не е одговорна за последиците, материјална или друга штета која може да се јави кај лицето и кај друго физичко или правното лице, доколку лицето даде/внесе неточни или нецелосни податоци.

Личните податоци се добиени единствено и исклучиво заради непречено обезбедување и доставување на информативните сервиси и услуги на МИА на испитаникот/корисникот или на посетителот на интернет страницата www.mia.mk.

МИА ги чува личните податоци на испитаникот/корисникот само додека трае обврската поради која податоците се добиени. Кога ќе престане договорниот или друг вид на однос помеѓу МИА и лицето испитаник/корисник, сите лични податоци трајно се отстрануваат од Збирката лични податоци на МИА, во рок од 90 дена.

МИА се обврзува обработката на личните податоци да не ја поверува, ниту нив да ги отстапува на трети лица.

Личните податоци на корисниците на информативните сервиси и услуги на МИА и на посетителите на интернет страницата  www.mia.mk, не се достапни за трети лица, освен во случаеви кога тоа е поинаку пропишано со закон.

Личните податоци на корисниците на информативните сервиси и услуги на МИА и на посетителите на интернет страницата  www.mia.mk, нема да се користат, ниту ќе бидат отстапени за рекламни, маркетиншки и слични деловни намени.