• петок, 09 август 2024

МИА Општински пул

МИА Општински пул

 9 август 2024

Охрид – И оваа година во туристичката населба Пештани на источниот брег на Охридското Езеро ќе се одржи Манифестацијата  „Културно лето Пештани“.

Како што најави организаторот на Манифестацијата, оваа година настаните од сите уметности ќе бидат споени во една целина. Љубителите на уметноста ќе можат повеќекратно да уживаат во миксот од серенадите проткаени со поезија и проза.

Свеченото отворање е предвидено за утре од 20 часот на самиот брег, во центарот на Пештани.

Во периодот од 11 до 13 август со почеток во 17 часот ќе се реализира сликање и цртање на зајдисонце, како и изложување на ракотворби од културната работилница

Манифестацијата ја организира и реализира Граѓанското здружение „ARTE AZZURRA” со поддршка на Општина Охрид.

Скопје -  Без вода денеска од 8:40 часот се дел од корисниците лоцирни на улица „474“ во населба Црниче.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради  дефект на затварач (огрлица) Ф80мм на улица „474“ бр.12 во населба Црниче. 

Жителите ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата. 

Делчево - Над 200 играорци синоќа во Делчево го промовираа фолклорното богатство од Северна Македонија, но и од Србија и Бугарија во рамките на 29-то издание на традиционалните „Голачки фолклорни средби“. На летната сцена пред Спомен домот „АСНОМ“ учество земаа 12 културно - уметнички групи и ансамбли, оркестри, пеачки групи и инструменталисти. 

Поради забраната за движење во шума и потенцијалната опасност од пожари, фестивалот и годинава се одржа на летната сцена во Делчево, и тоа со одлука на сите релевантни фактори кои се дел од организацијата на оваа фестивалот.

-Сакам да потенцирам дека локацијата не го намалува значењето на фестивалот, напротив, докажуваме дека кога е фолклорот во прашање, сите локации се соодветни, бидејќи целта ни е една -да ја продолжиме традицијата, истакна градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски.

Изрази јавна благодарност до сите учесници на фестивалот, но и до организаторот НУЦК „Никола Јонков Вапцаров“ кои со поддршка на Општина Делчево и Министерство за култура ни овозможија убава вечер во знакот на фолклорот и традицијата

-Тоа е нашата обврска како генерација, да го продолжиме патот на изворниот фолклор кој е наш амбасадор во светот, уникатен и незамнелив, да создаваме услови за работа на фолклорните друштва и да сме горди што ја имаме таа чест, да бидеме промотори на највредната оставштина од нашите предци-фолклорот, додаде Трајковски.

Задоволство од настапите на групите имаше и кај директорот на НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров", Љупчо Петровски како и програмскиот директор во установата Методи Толевски, кои најавија дека фестивалот од година во година ќе добива на квалитет и изразија надеж дека со промена на околностите, фестивалот ќе се врати на планината Голак, каде пред 29 години истиот започна да се организира. 

Делчево - Во организација на Општина Делчево се одржа првиот состанок со претставници на Мрежата на Асоцијации на локални самоуправи на Југоисточна Европа - НАЛАС како дел од проектот со кој ќе се испорачуваат социјално-здравствени услуги на иновативен и паметен начин преку напредна технологија. 

Делчево е прва општина во земјава, каде ќе се спроведува пилот- проект поврзан со телемедицината, а засега како што истакна Јана Белчева Андреевска, одговорно лице за дигитализација на општините од Југоисточна Европа, Општина Делчево ефикасно ги завршила своите обврски во подготвување на прво пронаоѓање на доволен број на матични лекари кои ќе бидат опфатени со  имплементацијата на проектот.

-Овој проект нема да доживее квалитетна имплементација ако лекарите не се вклучат и не соработуваа. Тука се општината од една страна како носител на проектот, а потоа и матичните лекари кои ќе бидат вклучени и сертифицирани даватели на социјални услуги на општината. Мрежата на Асоцијации на локални самоуправи на Југоисточна Европа НАЛАС како организација која го донира и институционално го имплементира проектот на територијата на Македонија, секогаш ќе биде тука да помогне, да ги следи активностите и активно да биде вклучена во квалитетна реализација на овој проект, рече Белчева Андреевска.

Таа изрази надеж дека овој пилот - проект понатаму ќе се промовира и ќе се проширува низ други општини.

-Бенефитите ќе бидат за луѓето кои се отсечени од докторите, кои се оддалечени од квалитетна заштита како социјалната така и здравствена, но и на луѓето со попреченост. Очекуваме со овој проект да се намали притисокот врз матичните лекари, кои за основни потреби на пациентите, искористуваат поголем број часови од своето работно време. Со тоа се надеваме ќе може поквалитетно да се посветат на вистински болните пациенти, додаде Белчева Андреевска. 

Со проектот е предвидено поставување сертифицирана опрема, која ќе биде мониторинг станица што на одреден временски период ќе ја добие возрасно лице. Виталните параметри ќе ги прикажува графички и нумерички во реално времена централната станица монтирана кај матичен лекар. Давателите на социјални услуги ќе ги пренесуваат уредите кон нови лица, а кај оние каде има утврдена потреба од терапија утврдена од доктор, ќе им ја испорачуваат во домот. 

По одржаниот прв состанок, претставници од Општината, Црвен Крст Делчево, првиот социјален провајдер на социјални услуги ,,Бравуе Кооператива" и Мрежата на асоцијации на локални самоуправи (НАЛАС),  ја посетија ординацијата на  специјалистот по семејна медицина д-р Соња Мавродиева Георгиевска, Мулти Медика, која е една од петте установи која ќе врши далечински мониторинг и дијагностика на пациенти во домашни услови. 

-Посебно се радувам што пет ординации за почеток се вклучени да направиме нешто, да дадеме се од себе, да биде се како што треба, за да ги следиме пациентите. Пред се станува збор за тешко болни пациенти, кои потешко се движат и не се во можност секогаш да дојдат во здравствената установа. Тоа баш би било добро да ги следиме 24/7, ќе имаат поддршка и од семејството и од нас и од организацијата БРАВУРА, рече Мавродиева Георгиевска изразувајќи задоволство што се пионери во тој проект

Носител на проектот е Општина Делчево, а реализацијата е помогната од Мрежата на асоцијации на локални самоуправи НАЛАС, заедно со КДЗ, (Истражувачки центар за јавна администрација) од Австрија и со финансиска поддршка од Австриската агенција за развој.

Проектот ќе се реализира во текот на 2024 година при што се очекува да бидат опфатени голем број пациенти од општината, а предност ќе им се даде на стари и изнемоштени лица од руралните области.

Тирана - Академијата на науките на Албанија упати покана за учество со научен придонес на Меѓународната научна конференција „Развој на националното образование и албанскиот јазик", јави албанската државна агенција - АТА.

- Конференцијата ќе се одржи во ноември во Музејот на албанската азбука во Битола, Северна Македонија. Предлозите може да се испратат директно на адресата на научно-организацискиот комитет или Академијата на науките, кои ќе ги поддржат учесниците на конференцијата, наведува Агенцијата.

Оваа конференција е планирана како дел од "настаните за одбележување на годишнината од историскиот Конгрес во Битола и официјалниот празник на албанскиот јазик во Северна Македонија".

Во деновите на конференцијата, Академијата на науките за првпат (во Тирана) ќе го претстави резултатот од обемниот научен проект „Големиот албански речник“.

- 2024 година во Албанија е прогласена за „Година на албанскиот јазик“, а 22 ноември, последниот ден од Конгресот во Битола, е прогласен за официјален албански празник, наведува АТА.

Додава дека Академијата на науките на Албанија е коорганизатор на конференцијата. Во улога на домаќини и главни организатори се Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Северна Македонија и Агенцијата за имплементација на јазикот со учество на неколку универзитети од Албанија и Северна Македонија. 

Инаку, Конгресот во Битола бил одржан од 14 до 22 ноември 1908 година, со цел да се стандардизира албанската азбука а 22 ноември се одбележува како Ден на албанската азбука. 

Скопје - Дел од корисниците на улиците „Варшавска“, „Хашка“ „Хаванска“, „Хелсинки“, „Мексичка“ и „Ташкентска“ во општина Карпош денеска од 8.30 часот ќе немаат вода.

Според известување од ЈП Водовод и канализација - Скопје, прекинот во водоснабдувањето е поради промена на вентил и водомер на улица „Варшавска“ бр. 14 и ќе трае до завршување на  работните активности.

Скопје - Без електрична енергија денеска од 11 до 15 часот ќе бидат корисниците од Горно-Долно Соње, Ракотинци, Јаесен, Атинци, Варвара, Говрлево, Брезница, Каменоломи, Јаболци, Дражилово, Црн Врв, Малчиште и Елово во општина Сопиште.

Според известување од ЕВН Македонија АД, во периодот од 9 до 15 часот денеска струја ќе немаат и корисниците од Зелениково, Таор, Студеничани, Морани, Ново Село, Градовци, Гумалево, Орешани, Смесница, Тисовица, Дејковци, Добрино, Пакошево, железнички станици Зелениково – Јане Сандански  во општина Зелениково и Студеничани.

Остани поврзан