Јанчев: Во Кавадарци заеднички ручек на плоштадот за Бадник
- Заеднички ручек на плоштадот за Бадник, по четврти пат организира Општина Кавадарци, во соработка со неколку општествено одговорни компании, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Кавадарци, 3 јануари 2025 (МИА) - Заеднички ручек на плоштадот за Бадник, по четврти пат организира Општина Кавадарци, во соработка со неколку општествено одговорни компании, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
- Настанот што станува традиција, ќе се реализира на шести јануари од 10 до 14 часот. Со оваа активност сакаме на сите граѓани да им понудиме дружење и славење токму во пресрет на овој голем христијански празник, Божиќ. Идејата е на еден од најдобрите готвачи, шеф Горан Филипов, кој заедно со уште неколкумина познати професионални готвачи од Македонија, ќе се потрудат да ја реализираат и барем на момент да им го доловат празничниот дух на многу наши сограѓани, соопшти Јанчев.
Градоначалникот се осврна и на сите општествени одговорни компании од општината, што помогнале во реализацијата на оваа активност во централното градско подрачје. свд/са/
Фото: МИА архива