• четврток, 09 април 2026

ЈП „Комунална хигиена“ Скопје: Во март отстранети 2 315 кубни метри отпад од диви депонии 

ЈП „Комунална хигиена“ Скопје: Во март отстранети 2 315 кубни метри отпад од диви депонии 

Скопје, 8 април 2026 (МИА) - Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на март подигнале и транспортирале 14 086 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, а отстранети се и 2 315 кубни метри мешан комунален, кабаст и градежен отпад одожени на јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини.

Најголемо количество непрописно одложен отпад – 540 кубни метри се подигнати во општината Карпош.

Од ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, информираат дека продолжуваат со одржување на јавната хигиена на скопските булевари, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје.

-Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев", и „Слобода", како и Старата скопска чаршија. Претпријатието го започна и сезонското машинско миење со употреба на автоцистерни што секојдневно се реализира во доцните вечерни часови - се вели во соопштението. 

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на март информира дека се реализирани еко-предавања и работилници во скопските училишта, во чиишто рамки 232 ученика биле запознати како преку правилното постапување со отпадот и примарната селекција да ја заштитат својата животна околина. аа/вг/

Фото: ЈП „Комунална хигиена“ Скопје 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан