Општина Куманово организираше свечен прием по повод Меѓународниот ден на Ромите
- Осми април се одбележува како Меѓународен ден на Ромите, посветен на ромската историја, култура и традиција. Во овој контекст, од локалната самоуправа посочуваат дека ваквите настани имаат за цел да ја поттикнат свеста за почитување на различностите и унапредување на меѓуетничките односи.
Куманово, 8 април 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, остварија празнична средба со граѓани, припадници на ромската заедница.
-Во пријатна атмосфера, упатив срдечни честитки до етничката заедница, по повод Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април. Разговаравме за актуелни теми кои ги засегаат жителите од повеќе населби, за создавање на услови и можности за нивната вклученост во повеќе општествени области, за повисоко ниво на информираност и водење поголема грижа за здравјето, образованието, социјалните прилики и слично-нагласи Димитриевски.

На денешниот 8 Април – Меѓународен ден на Ромите се слави ромската историја, култура и традиција, која потсетува дека сите единствени треба да работата на подигање на свеста на граѓаните за почитување на припадниците на различни етнички заедници, од причина што сите заслужуваат подобро секојдневие и обезбедување на неопходни услови за живот. Општина Куманово додава Димитриевски продолжува да вложува во борбата против дискриминација, со единствена цел обезбедување на потребните сегменти, кои ќе донесат соодветно образование, неопходно здравство и пристап до вработување на ромскиот народ. ам/вг/
Фото Општина Куманово