• четврток, 09 април 2026

Вработените на ЈП „Комуналец“ од Гостивар од наредната недела редовно ќе користат задравствено осигурување

Вработените на ЈП „Комуналец“ од Гостивар од наредната недела редовно ќе користат задравствено осигурување

Гостивар, 8 април 2026 (МИА) – Над сто вработени во гостиварското комунално претпријатие од идната недела ќе добијат активно здравствено осигурување, кажаа министерот за здравство Азир Алиу и директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски. Тие денеска во Гостивар и остварија средба со раководството на ЈП „Комуналец“ и ги изложија можните решенија за проблемот кој се провлекува речиси две децении, а вработените иако имаа уплатени давачки, плаќаа за здравствени услуги.

Министерот Алиу посочи дека состанокот во ЈП „Комуналец“ бил корисен и дека проблемот со здравственото осигурување на 109 вработени ќе биде минато.

- Веќе од наредната недела сите вработени коишто се дел од „Комуналец“ ќе имаат здравствено осигурување. За жал, требаше неколку години да се чека, но еве, административните процедури кај нас за кратко се решаваат, имајќи предвид дека нашиот пристап е таков – да дефинираме проблеми, а потоа истите што побрзо да се решат, рече министерот за здравство Алиу.

Првиот човек на ФЗО, Сашо Клековски посочи дека проблемот постоел две децении, а ЈП Комуналец имало долг пред 2013 година, а дел од тој долг е од пред 2009 година. Станува збор за заостанати долгови од околу 8 милиони денари до 2009 и 5,7 милиони од 2009 до 2013 година.

- Заради нив вработените не можеле да користат здравствено осигурување, иако од 2013 јавното комунално редовно уплаќа здравствени придонеси и затоа што никој не се покажал доволно упорен и решен да ги разреши овие бирократски административни лавиринти. Се разгледува можноста долгот кој се однесува на пред 2009 година, за отплата на рати со информација до владата за отпис, а долгот кој е од 2009 до 2013 кога собирањето на придонесите е одговорност на УЈП, ќе биде отпишан во соодветна постапка, изјави Клековски.

Тој очекува следната недела после празниците здравственото осигурување за комуналците од Гостивар да биде активно.

На новинарско прашање за сличните проблеми во јавните претпријатија низ Македонија Клековски посочи дека вакви ситуации има во Гостивар, Виница и со затворите низ Македонија, односно со Управата за извршување санкции. Додека за тетовското комунално каде се без осигурување две и пол години, првиот човек на ФЗО, нагласи дека не е запознат и најбрзо што може ќе го контактира раководството на тетовското комунално претрпијатие. згм/вг/

фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан