• среда, 10 јули 2024

Османи во Турција на Анталија дипломатскиот форум

Османи во Турција на Анталија дипломатскиот форум

Скопје, 10 март 2022 (МИА) - Министерот за надворешни работи Бујар Османи во наредните два дена ќе учествува на вториот Анталија дипломатски форум насловен „Recoding Diplomacy”, кој се одржува под покровителство на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган.

Во рамките на Форумот, како што соопшти МНР, Османи ќе има обраќање на панелот „Дијалог на помирување на Балканот“, на кој се очекува да се дискутира за безбедносниот аспект и односите меѓу земјите од Западен Балкан, за начинот на справување и изнаоѓање решенија за отворените билатерални прашања, како и за можните последици доколку Европската Унија не ги оправда очекувањата на регионот во однос на нивната европска перспектива.

На Анталија дипломатскиот форум, предвидено е Османи да оствари бројни билатерални средби, меѓу кои со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, повеќе колеги министри за надворешни работи, меѓу кои и на Австрија, Александер Шаленберг, на Луксемург, Жан Аселборн, на Словачка, Иван Корчок и на Финска и Пека Хависто, како и со генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Шмит.

Овогодинешниот настан, нагласуваат од МНР, ќе се осврне на светските случувања во меѓународните односи, во духот на регионалните и глобалните прашања, особено со фокус на руската агресија врз Украина. На форумот се очекува да учествуваат истакнати гости, како политички лидери, министри, високи функционери, водечки академци, меѓународни организации, креатори на јавното мислење и бизнис претставници. сст/сп/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан