• петок, 22 ноември 2024

Гир: Северна Македонија да го искористи позитивниот моментум и порешително да се движи кон евроинтегративниот пат

Гир: Северна Македонија да го искористи позитивниот моментум и порешително да се движи кон евроинтегративниот пат

Скопје, 10 јули 2024 (МИА) - Северна Македонија да го искористи позитивниот моментум и порешително да се движи кон евроинтегративниот пат, порача денеска од Виница евроамбасадорот Дејвид Гир, одговарајќи на новинарски прашања, дали резултатите од евроизборите ќе влијаат на процесот на проширување на ЕУ.

-Лидерите на владите на 27 земји-членки на Европската Унија после европските избори покажаа заложба дека нивната стратешка визија последните пет години ќе биде процесот на проширување, така што можам да кажам дека процесот на проширување останува како врвен приоритет, рече Гир, додавајќи дека не гледа промена и за следната структура на европските инстутиции.

Единствената работа којашто можам да додадам, нагласи тој, дека во овој момент навистина постои огромна можност за Република Северна Македонија во контекст на проширувањето на Европската Унија, така да јас навистина се надевам дека Северна Македонија, меѓутоа и цел Западен Балкан ќе може да го искористи овој позитивен моментум во контекст на проширувањето на ЕУ и ќе може да се движи порешително кон евроинтеративниот пат.

На евроизборите во јуни годинава победија партиите од десничарскиот спектар, што доведе до распишување предвремени парламентарни избори во Франција. И покрај зајакнувањето на десницата, Европската народна партија (ЕПП), предводена на изборите од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, останува најсилната фракција во новиот состав на Европскиот парламент со 189 пратенички места. Во новиот пратенички мандат во 720-члениот парламент, социјалдемократите освоија 133 места, либералите 82, конзервативците 70, Идентитет и демократија 60, а зелените 53 места. нд/та/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан