• недела, 22 декември 2024

Сектор за даноци и такси од општина Куманово ќе пушта опомени за неплатен данок

Сектор за даноци и такси од општина Куманово ќе пушта опомени за неплатен данок

Куманово, 10 јули 2024 (МИА) - Секторот за даноци и такси при општина Куманово, денеска ги информираше даночните обврзници дека ќе почне со дистрибуција на опомени за неплатени даночни долгови, информираа денеска од општина Куманово.

- Секторот за даноци и такси при општина Куманово ги известува сите даночни обврзници дека во наредниот период ќе се врши дистрибуција на опомени за неплатени даночни долгови, по основ данок на имот за правни лица за 2023 година и долг по основ утврдена комунална такса за назив на деловна просторија за 2023 година. Граѓаните се должни да постапат по истите, односно во дадениот рок да ја намират обврската, во спротивно ќе се постапи по законските одредби и ќе се врши присилна наплата, информираа од општината

Во моментов тече дистрибуцијата на решенијата за данок на имот за физички и правни лица за тековната 2024 година. Дистрибуцијата ја спроведува дистрибутерот АД за поштенски сообраќај пошта на Северна Македонија.

- Во случај даночниот обврзник веќе да ја има исплатено даночната обврска, односно го платил утврдениот данок за имот, применото решение да не се зема предвид, додаваат од општината.

За сите дополнителни информации граѓаните можат да се обратат во просториите на секторот за даноци и такси при општина Куманово, спроти градскиот стадион во поранешна зграда на „Козјак“ секој работен ден и на електронска пошта. ам/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан