• недела, 21 април 2024
МИА Општински пул

28 март 2024 

Струмица - Струмичката болница обезбеди и започна со работа со нова модерна ендоскопска и лапароскопска опрема за потребите на одделот хирургија, информираа од оваа здравствена установа.

Како што соопштија оттаму, со лапароскопска хирургија се овозможува полесен третман на пациентите со минимални инвазивни третмани, помал губиток на крв, помал ризик од инфекции, полесно заздравување и пократок престој на пациентите во болница за разлика од отворените хирушки интервенции.

-Тимот на хирурзи, хирурзи на абдоминална хирургија, во болницата веќе подолго време работат лапароскопски операции, а во наредниот период ќе се работи на проширување на експертизата, доедукација на лекарите во лапароскопска хирургија, како и во гинекологија за проширување на видот на оперативните третмани кои досега се работеа во нашата болница со класични отворени хирушки методи, велат од ЈЗУ „Општа болница Струмица“.

Дебар - Во организација на литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада, одржана е промоција на  три книги на наставничката по македонски јазик Крисанта Јанкула од Горна Горица, Мала Преспа, Албанија, јави весникот „Македониум“.

Станува збор за „Записи од мојот крај“, „Преспа под Албанија, Божја убавина“ и „Поезија и проза од мојот крај“. 

Според весникот, промоцијата побудила  голем интерес и  внимание од македонската заедница во Торонто.

Охрид - Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков со неговиот тим оствари работна средба со претставниците на реактивната мониторинг-мисија на УНЕСКО што престојува во работна посета на земјава.

Пецаков пред членови на Центарот за светско наследство, на Меѓународниот совет за споменици и локалитети и Меѓународната унија за заштита на природата, како и на Националниот координативен тим од Македонија ја истакнал силната посветеност на Општина Охрид за зачувување на природното наследство во Охридскиот регион.

Скопје - Поради уличен дефект, без вода од 09:50 часот се корисниците од улица 4 во и основното училиште во Батинци, соопшти ЈП Водово и канализација - Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.

Скопје - Kорисниците на дел од улица „Козле“ се без вода од 09:00 часот поради уличен дефект на водоводаната мрежа, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот. 

Скопје - Поради дефект на водоводната мрежа, без вода од 09:10 часот се корисниците од улиците „Караџица“, „Пеју Јаворов“, „Пандо Кљашев“, „Малина Попиванова“ и дел од „Милан Мијалковиќ“, соопшти ЈП Водовод и канализација - Скопје.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.


 
 

Остани поврзан