• понеделник, 23 декември 2024

Планот за раст за Западен Балкан - можност за раст на компаниите, мобилност на младите, вклучување во дититални иновации и медицински набавки

Планот за раст за Западен Балкан - можност за раст на компаниите, мобилност на младите, вклучување во дититални иновации и медицински набавки

Скопје, 18 април 2024 (МИА) - Бесплатна Интернет мрежа на јавни простори, пристап до Европската платежна област – СЕПА, зелени ленти на граничните премини, вклучување во европските центри за дигитални иновации, како и вклучување во медицинските набавки на ЕУ, се само дел од придобивките што ќе ги добијат граѓаните и компаниите со Планот за раст за Западен Балкан.

Инструментот на Планот за раст, што за целиот Западен Балкан изнесува 6 милијарди евра, ќе се реализира во периодот од 2024 до 2027, почнувајќи од оваа година па наредните 4 години и овие средства ќе бидат надополнување на инструментот за претпристапна помош ИПА 3, којшто веќе државава го користи, значително зголемувајќи ја финансиската помош за сите партнери од регионот, беше посочено на брифингот со новинари за Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан, од страна на СЕП со поддршка на УНОПС.

Планот за раст е можност за развој на компаниите, мобилност на младите, за посуштински секојдневни релации со членките од ЕУ, суштинско вклучување во пазарот на ЕУ. Борба против корупцијата и воспоставување подобар систем на владеење на правото, но и јасната порака од ЕУ дека сакаат да ги видат нашите граѓаните и држави внатре во Унијата. 

Финансиската помош ќе биде поврзана со реформската динамика во секоја држава.

null

Владата на седницата во вторникот ја усвои Нацрт реформската агенда 2024-2027, во рамки на Планот за раст за земјите од Западен Балкан и ја усвои усогласената верзија на Нацрт реформската агенда. Ажурираната Нацрт реформска агенда се споделува со Европската комисија со цел усогласување на листата реформски приоритети и мерки, со конкретни рокови предложени од македонска страна, со ЕУ. Усогласувањето на Нацрт реформската агенда меѓу Северна Македонија и ЕУ ќе продолжи и во наредниот период и треба да се заврши најдоцна до 26 април 2024 година, а финалната верзија на Реформската агенда да се усвои најдоцна до средината на мај 2024. По утврдувањето на финалната верзија на Реформската агенда и усвојувањето од ЕК ќе се отвори можноста за потпишување на договорите за инструментот за реформи и раст и за заем и со тоа поднесување Барање за повлекување на првата транша, односно за авансот во висина од 7 проценти од алокацијата за нашата држава, од вкупно 850 милиони евра.

Реформската агенда е важна, бидејќи државите членки на ЕУ не сакаат да го поддржат финансискиот пакет, без да биде усвоена реформската агенда, затоа што на овој план гледаат како на механизам за забрзување на реформите, нешто што подолго време се укажува дека земјите од ЗБ не прават доволно реформи. Механизмот е  да направат повеќе реформи за да добијат повеќе средства и повеќе пари.

Со Планот за раст треба значително да се забрза ефектот од сите социо-економски придобивки од пат на земјава кон полноправно членство, и ова треба да биде надополнување и поддршка на процесот на преговори, не треба да биде негова замена, не треба да биде во судир со него, треба да биде како поддршка и надополнување на тој процес, беше посочено на брифингот.

Исплатата на средства од Планот за раст предвидено е да се случува два пати годишно, а за Северна Македонија приоритетите што беа договорени со Реформската агенда се однесуваат на следните приоритетни области - Реформа во јавната администрација и управување со јавните финансии, Дигитална енергетска и зелена транзиција и вложување во човечки капитал, Деловно опкружување и Владеење на правото.

ЕУ со овој план се заложува да примени една од најголемите инвестициски стратегии и за интеграција на регионот преку заедничка соработка и помош од вкупно 6 милијарди евра, две милијарди во грантови, 4 милијарди во поволни заеми, со цел да се помогне во реформите поврзани со економското приближување до европскиот стандард и приближувањето до заедничкиот пазар.

На самиот на лидерите на Западен Балкан во Тирана на крајот на февруари ЕК презентираше 4 предлози со конкретни патокази, со кои постои реална можност за забрзано пристапување и тогаш беше усвоена заедничка изјава со која лидерите се обврзаа да започнат структуриран дијалог со ЕК и земјите-членки, со цел да се спроведе овој План за раст.

За време на тој самит се одржа и министерски состанок на министрите за европски прашања како и на министрите за финансии и таму беа презентирани патокази на Планот за раст.

На брифингот беше истакнато дека конкретни проекти кои биле презентирани на министерскиот состанок со Западен Балкан се – пристап до Единствената европска платежна област – СЕПА, тоа е учество на сите држави од Западен Балкан во платежната зона на ЕУ што значи олеснето и повтино плаќање на трговија и услуги меѓу ЕУ и Западен Балкан, што е важно за нашата дијаспора која редовно испраќа дознаки дома. Целта на оваа мерка е до крајот на 2024 државите да бидат подготвени за нејзина имплементација.

Одлуката на Грција за привремено ограничување на сите авионски, железнички и копнени поврзувања со Северна Македонија, како и забраната за влез на грчка територија на македонски државјани, об

Второ - подобрување и воспоставување зелени коридори и подобрена царинска соработка, или популарно наречените зелени ленти на граничните премини за возила кои носат производи или кои работат на трговија. Целта е да се намали времето на чекање, да се зголеми трговијата, а со тоа и економскиот развој. Она што е важно е што ова не го опфаќа само регионот на Западен Балкан, значи не се воспоставува само од државите од регионот, туку секоја држава што граничи со држави од ЕУ има право да побара, односно одбере еден граничен премин на кој ќе се воспостави зелена лента со државите членки од ЕУ. Северна Македонија побарала тоа да биде за граничкиот премин Богородица кон Грција и тоа било прифатено, беше појаснето на брифингот.

Третата мерка што беше презентирана во Тирана и на која сега се работи е - бежична Интернет мрежа за јавни простори за ЗБ (Wi-fi for Western Balkans), што треба да овозможи бесплатен Интернет пристап до граѓаните на јавни прстори и објекти во 500 општини во целиот регион, до крајот на годината со финансиска помош од ЕУ од 7,5 милиони евра. Се уште се дефинира начинот на којшто ќе аплицираат општините. Се предлага тоа да биде на принцип прв дојден прв услужен, на јавен повик, но државава побарала да се прифати квота за секоја држава да има број на оштини кои ќе добијат грантови за бесплатен интернет на јавните простори.

Четвртата мерка вклучување во европските центри за дигитални иновации што ќе овозможи забрзана дигитална транзиција на малите и средни претпријатија, на старт-апите и на јавниот сектор, а се разгледува и вклучќување во стратешките медицински набавки на ЕУ, а тоа е да бидеме вклучени во системот на набавките на ЕУ за стратешките медицински производи.

Ова е сериозна шанса и за конкретизација на европската агенда и за конкретни придобивки на граѓаните од процесот на пристапување кон ЕУ пред членство - тоа е основната цел на овој механизам на Планот за раст, исто така забрзан пристап кон ЕУ со што секој ден суштински ќе стануваме дел од европскиот систем, беше кажано на брифингот на СЕП со поддршка на УНОПС. нд/вг/

Остани поврзан