• вторник, 05 ноември 2024

Тилев за МИА: Во случајот на Србија не станува збор за промена на Преговарачката рамка, туку на ЕУ преговарачката позиција за Поглавјето 35

Тилев за МИА: Во случајот на Србија не станува збор за промена на Преговарачката рамка, туку на ЕУ преговарачката позиција за Поглавјето 35

Скопје, 20 април 2024 (МИА) - Преговарачката рамка е исклучително тешко да се промени. Промена на Преговарачка рамка до сега не се случила. Преговарачките рамки за Србија и за Северна Македонија не се исти. Во случајот на Србија не станува збор за промена на Преговарачката рамка, туку само на ЕУ преговарачката позиција за Поглавјето 35, изјави за МИА Драган Тилев, државен советник за европски прашања и координација во Секретаријат за европски прашања (СЕП).

- Промена на Преговарачка рамка до сега не се случила. Имено, за да се промени Преговарачката рамка треба постапката да се иницира во рамките на Советот на ЕУ, да добие согласност од сите 27 земји членки, и на крајот да биде усвоена од страна на сите земји членки. Од тука, промена на Преговарачката рамка е можна исклучиво по истиот пат по кој е и донесена, вели Тилев за МИА.

Откако ЕУ ги усвои измените за Поглавјето 35 за Србија, во јавноста во ек на изборната кампања, имаше спротивставени мислења дека како што се променила Преговарачката рамка за Србија, така може да се промени и за нас. 

-Без да навлегувам во ставови на политички партии, кои и не ми се подетално познати, исклучиво од професионален аспект, го коментирам само усвојувањето на амандманот на Заедничката позиција на ЕУ по однос на Поглавјето 35, со наслов „Друго“. Имено, во случајот на Србија, поради околностите во кои се наоѓаше во моментот на започнувањето на пристапните преговори (Јануари 2014 година), се сместени развојот на дијалогот на Србија со Косово и напредокот во односите и нормализацијата на истите, оценува Тилев.

Тој појаснува дека ова Поглавје, 35, во случајот на Србија е исто така предмет и на утврдување на времени одредници, но и на корективната клаузула за дисбаланс во напредокот, кои корективнии мерки се вклучуваат доколку нема напредок во дијалогот, а можеби има напредок во другите поглавја (кластери).

Додава дека ова се однесува не само на Поглавјето 35, туку и на поглавјата 23 и 24, во случајот на Србија.

- Усвоениот нов амандман од страна на КОРЕПЕР како тело на Советот, со кој се дополнува Заедничката позиција на ЕУ, се однесува само на Поглавјето 35 и е посебен документ, односно не се менува Преговарачката рамка, туку само преговарачката позиција на ЕУ по однос на Поглавјето 35. Во Преговарачката рамка постои простор за промена на преговарачките позиции по пооделни поглавја, доколку дојде до промена на околностите во даденото поглавје, ново законодавство, нови политички моменти и сл., како што е случајот сега со Србија. Ова се однесува не само на Поглавјето 35, туку и на сите други поглавја, појаснува Тилев за МИА.

Владата на денешната сеница ја разгледа и Информацијата за програмата и приоритетите на француското претседателство со Советот на Европската Унија, во која како главна цел е трансформирањето

На прашање на МИА дали може да се смени Преговарачката рамка за државава и дали примерот со Србија е применлив за нас, тој повтори дека во случајот на Србија не станува збор за промена на Преговарачката рамка, туку само на ЕУ преговарачката позиција за Поглавјето 35.

-Сум пишувал и изјавувал во повеќе наврати, Преговарачката рамка за сите до сега, вклучително и за Србија и за нас, е донесена од страна на земјите членки, тоа е документ на ЕУ и е донесен со едногласност. Во нашиот случај Преговарачката рамка е усвоена од страна на Советот на ЕУ на 18 јули 2022 година, по што на 19 јули 2022 година е отворена Меѓувладината конференција, со што официјално се започнати пристапните преговори, вели Тилев.

Тој појаснува дека преговарачките рамки за Србија и за Северна Македонија не се исти, односно, како што истакнува, тие си ги носат со себе посебностите на времето кога се усвоени од страна на Советот на ЕУ, за Србија во 2014 година, а за Северна Македонија во 2022 година, односно после усвојувањето на новата Методологија.

За илустрација, додава Тилев, во нашата Преговарачка рамка не постои Поглавјето 35, а ниту Поглавјето 34.

null

- Содржината на двете преговарачки рамки го рефлектира времето, но и посебните барања и предуслови што секоја од земјите треба и ќе мора да ги исполни, доколку претендира да стане полноправна членка на Европската Унија. Условите се утврдени, но одуките се секако политички, суверени и се носат на национално ниво, нагласува Тилев.

Дилемата, прецизира Тилев, дали Преговарачката рамка на Србија е променета по усвојувањето на новата Методологија за пристапни преговори од март 2020 година, според мене е непостоечка, односно Преговарачката рамка на Србија ниту во тој случај не е променета.

-Србија и Црна Гора, во мај 2021 година со посебен акт на Советот на ЕУ, го прифатија пристапот и апликацијата на новата методологија во нивните преговори, но експлицитно не се променети нивните преговарачки рамки, нагласува Тилев за МИА.

Амбасадорите на земјите-членки ја усвоија изменетата преговарачка позиција за Србија, в понеделник треба да се изјасни и Советот за надворешни работи

Како што и беше најавено уште по постигнување на Охридскиот договор меѓу Србија и Косово, амбасадорите на земјите од Европската Унија во средата на 17 април ги усвоија амандманите и измените на поглавјето 35 од пристапните преговори со Србија, кои се однесуваат на обврските што за Србија произлегуваат од договорите со Косово постигнати минатата година во Брисел и Охрид.

Со усвојувањето на овој став, обврските на Србија од Бриселскиот и Охридскиот договор стануваат составен дел од процесот на пристапување на Србија во ЕУ.

Во усогласениот текст, меѓудругото, се наведува дека напредокот во преговорите на Србија за пристапување во ЕУ „ќе се мери особено во однос на континуираниот ангажман на Србија во видливо и одржливо подобрување на односите со Косово, како и други барања содржани во точка 23 од Преговорачката рамка“.

Во текстот се наведува и дека Србија треба целосно да ги спроведе своите обврски кои произлегуваат од Договорот за нормализација на патот меѓу Косово и Србија, според нејзиниот анекс за имплементација, договорен на 18 март 2023 година, како и дека „сите дискусии поврзани со спроведувањето на Договорот ќе се одвиваат во рамките на дијалогот со поддршка на ЕУ“.

Текстот за преговарачкото поглавје 35 ќе биде потврден најверојатно в понеделник на 22 април, на Советот за надворешни работи на ЕУ, по што ќе биде официјално испратен во Белград како текст на Преговарачка позиција на ЕУ за поглавјето 35.

Верувам дека ќе може да ни даде информација повеќе во однос на тоа кога се планира усвојувањето на самата методологија, за односот на земјите членки кон самата метолодогија. Мене ми е значајн

Вархеји не очекува промена на Преговарачката рамка, вели критериумите за членство се јасни

Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, во почетокот на месецот изјави дека критериумите за членство на Северна Македонија во ЕУ се многу јасни и оти не очекува никаква промена на Преговарачката рамка.

-Не очекувам никаква промена на Преговарачката рамка и не сметам дека државите-членки сакаат да ги преразгледаат условите за пристапување, рече Вархеји.

Тој нагласи дека критериумите за членство се многу јасни од 2022 година наваму, кога беше усвоена Преговарачката рамка и тие треба да бидат исполнети и во таа смисла, појасни, не очекува никаква промена и оти не смета дека државите-членки ќе ги преразгледаат условите бидејќи е јасно дека тие треба да бидат исполнети.

Еврокомесарот изрази надеж дека веднаш по изборите новата Влада на Северна Македонија ќе ја преземе оваа работа и оти земјава ќе продолжи напред со исполнување на критериумите.

Неда Димова Прокиќ

Фото: МИА архива

Остани поврзан