• среда, 24 јули 2024
МИА Општински пул

24 јули 2024

Охрид – Музичката програма на „Охридско лето“ за вечерва нуди интересна содржина со концертот на Доминик Вагнер на контрабас и Софија Палурович на пијано.

Маестро Доминик Вагнер е посветен на идеалот да го извади контрабасот од сенката на виолончелото и да ги прикаже индивидуалните можности на овој најдлабок инструмент во групата гудачки инструменти. Успева во неговата намера не само со неговото сценско присуство, туку и со импресивната виртуозност, лирска мелодичност, како и со постојаните напори да го прошири репертоарот за контрабас преку нарачки на нови дела, транскрипции на постоечки композиции, истражувања во потрага по ретки дела, а заедно со неговиот татко, композиторот Волфрам Вагнер транскрибираат дел од концертот за виолончело од Дворжак во концертна композиција за контрабас која својата премиера ја имаше минатата година во Луцерн.  

Скопје - Приведени двајца дилери од Штип, откако полициските службеници при претрес на нивните домови пронашле дрога. Од слобода биле лишени А.Џ.(36) и Ќ.Х.(22) од Штип.  

- При претрес во домот на А.Џ., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, поголема сума пари во различни валути и апоени и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во домот на Ќ.Х., извршен исто така со судска наредба, била пронајдена и одземена дробилка со остатоци од марихуана, известуваат од МВР.

Куманово - Краток спој на електрична инсталација е причина за ланскиот пожар во кумановскиот Суд, соопштија денеска за МИА од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. ЈОРСМ нема основа за постапување, бидејќи е утврдено дека пожарот не е резултат на човечки фактор и не е намерно подметнат.

 

- Врз основа на целокупниот прибран доказен материјал, видеоснимки и извршени вештачења кои укажуваат дека причина за пожарот во Основниот суд во Куманово е краток спој на електрична инсталација, јавниот обвинител донесе резолуција дека нема основ за јавнообвинителско постапување, бидејќи е утврдено дека пожарот не е резултат на човечки фактор и не е намерно подметнат, информираа од ЈОРСМ.

Скопје - Без електрична енергија утре од 10:30 до 14:00 часот ќе останат објектите на улица „Драгиша Мишовиќ“, кои се наоѓаат на истата страна со маркетите „Гранап“ и „Рептил“ и фризерското студио „Костадинка“ во општина Карпош. 

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

Крива Паланка - Насмевки и уживање за сите генерации со различни артисти: жонглери, кловнови, аниматори, креатори, донесе синоќа познатиот уличен фестивал „Баскерфест“, што се одржа на летната сцена на градскиот плоштад во Крива Паланка.

Уникатниот концепт на познатиот уличен фестивал го раздвижи градот и го преполни плоштадот во Крива Паланка.

Скопје - Вкупно 110 возачи се казнети во текот на вчерашниот ден на територија на Град Скопје во контролите во областа на сообраќајот. Од нив седум возеле без возачка дозвола, изречени биле седум мерки за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, а 13 мерки за непочитување на брзината на движење.

Како што информира МВР, девет возачи биле казнети зошто користеле мобилен телефон при возење...

Скопје - Полицијата синоќа, околу 22:30 часот, во кумановската населба Ајдучка чешма ги лишила од слобода А.Ѓ. од Куманово и С.Н. од Крива Паланка.

Како што информира денеска МВР, при преглед на товарно возило „там“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал А.Ѓ., а сопатник бил С.Н., било утврдено дека превезувале шест кубни метри нежигосано огревно дрво без документација.  Возилото и дрвата биле одземени, а лицата биле приведени во полициска станица.

Скопје - Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од општините Аеродром и Ѓорче Петров.

Како што соопшти РЦУК - Скопје, без електрична енергија од 06.00 до 14.00 часот ќе бидат дел од корисниците од село Долно Лисиче во општина Аеродром, а од 08.30 до 15.00 часот објекти во околината на старото училиште во село Кучково, општина Ѓорче Петров. 

Скопје - Без вода денеска од 6:40 часот се дел од жителите од населенето место Љубанци. 

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје, прекинот е поради уличен дефект од ф-110 милиметри на улица „7“ во Љубанци, кај селската чешма.

 

Остани поврзан