• петок, 21 јуни 2024

Изјава на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари

Изјава на претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари

Гостивар, 8 мај 2024 (МИА) – Гостиварскиот градоначалник и кандидат за претседател во првиот круг од коалицијата ВЛЕН/ВРЕДИ, Арбен Таравари на гласање дојде со потесното семејство и порача дека по овие избори ќе се смени власта во Македонија. Тој во изјавата за медиумите по гласањето апелираше на до граѓаните на помасовна излезност.

- Ние гласавме. Апелирам и до сите граѓани што помасовно да ја изразат својата волја и на крајот на денот да ги изброиме ливчињата. Да видиме кој е победникот. Според единствената анкета која постои меѓу двата круга најверојатно следната влада ќе биде составена од ВМРО и ВЛЕН/ВРЕДИ, рече Таравари.

На прашање на МИА каков исход очекува, Таравари напомена дека ова ќе биде историска победа на албанците во Македонија.

- За албанскиот блок ова е историски ден. Кажав и претходно, 8 мај ќе биде историја за Албанците и за ова ќе пишува во книгите. По 22-годишен режим на ДУИ, мислам дека ДУИ од денес е во опозиција. И тие се свесни и го знаат тоа, подвлече Таравари.

Според неговите информации имало нарушување на изборниот процес и посочи дека вчера е откриен поткуп на гласачи од страна на оџи и функционери на ДУИ.

-Тоа е јавна тајна. Секогаш го правеле тоа и го повторуваат, меѓутоа ќе има одговорност. Претходно не одговараа, бидејќи беа на власт. Сега ќе одговараат. Од утре ќе има одговорност и ги повикувам сите луѓе да овозможат гласањето да биде фер и што демократско, рече Арбен Таравари. згм/дма/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан