• недела, 21 јули 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 20 јули 2024 (МИА) - На 19.07.2024 во 21.05 часот на подрачје на Ѓорче Петров во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров го лишиле од слобода М.Н.(25) од Тетово.

Како што денеска соопштија од МВР, тој бил баран по локален распис од СВР Тетово поради постоење основи на сомнение дека на 18.07.2024 во три наврати со закана кон сопственикот на продажен објект во Тетово и физички напад врз неговата сопруга одзел пари од дневниот промет. Лицето било предадено во СВР Тетово и по целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 19.07.2024 во 12.10 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Ч.(38) од Битола. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дигитална вага и повеќе предмети со остатоци од прашкаста материја. Д.Ч. е приведен во полициска станица и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

На 19.07.2024 во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Охрид ја привеле Е.М.(23) од Битола, која претходно во продажен објект во Охрид одзела повеќе производи. Одземеното било вратено на одговорното лице во продажниот објект, а по целосно документирање на настанот, против Е.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.А.(35) и Т.С.А.(35) двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 08.12.2023, при извршен претрес во домот на пријавените, била пронајдена марихуана.

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Ж.К.(53) од село Костурино, струмичко, поради постоење основи на сомнение дека на 18.07.2024 во подрумски простории на станбена зграда во Струмица извршил обљуба врз малолетно лице со пречки во развојот. Истиот ден лицето беше лишено од слобода. Од страна на судија од Основен суд Струмица на осомничениот му била определена мерка притвор во траење од 30 дена.

На 19.07.2024 во 10.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека во Ургентен центар во Тетово со изгореници бил донесен Х.И.(60) од тетовска Мала Речица. Според пријавеното, тој дошол во допир со далековод додека работел на инсталирање на струјна мрежа во куќа во изградба во тетовски Калник и се здобил со изгореници. Увид на местото извршиле екипа од СВР Тетово и трудов инспектор.

На 19.07.2024 во 13.45 во СВР Тетово, 57-годишник од Тетово пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 5185 евра. Според пријавеното, преку социјални мрежи тој комуницирал со лицето кое му се претставило како управител на странска фирма за да купи возило. Како што е пријавено, тие се договориле и тој во неколку наврати извршил уплата преку трансакциска сметка, по што комуницирал со фирмата од каде дознал дека нема уплата за возило на негово име и сфатил дека бил измамен. Се преземат мерки за расчистување на случајот.

Денеска (20.07.2024) во 01.40 часот во СВР Скопје, Ф.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 01.20 часот во дворот од неговата куќа на подрачјето на Шуто Оризари, тој и неговата сопруга Е.Д.(35) од Куманово биле физички нападнати од Ф.С.(55), А.С.(28) и Е.М.(35). По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.07.2024 во 06.15 часот во СВР Скопје, С.К.(64) од Скопје пријавила дека околу 05.25 часот на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзин сосед. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.07.2024 во 12.50 часот во СВР Скопје, Б.Н.(42) од Скопје пријавил дека на 18.07.2024 околу 20.45 часот во влез од станбена зграда на подрачјето на општина Аердром во Скопје бил физички нападнат од неговиот сосед Б.Ј.(74) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.07.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје, Б.Ј.(22) од Куманово пријавил дека на подрачјето на Центар во Скопје бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 19.07.2024 во 18.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, поради претходно нерасчистени должничко - доверителски односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Ѓ.(34) од с.Трново, битолско, од една страна и Х.М.(21) и Г.М.(18), двајцата од Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.07.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца сопружници на 26-годишна возраст од Скопје, при што сопругата употребила стаклен предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.07.2024, полициски службеници од Полициската станица Ѓорче Петров извршиле службен разговор со малолетник од с.Ново Село, скопско, постапувајќи по претходна пријава дека на 17.07.2024 со уште двајца малолетници учествувал во физичка пресметка со А.В.(31) од Скопје, при што еден од малолетниците употребил дрвен предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.07.2024 во 20.30 часот во СВР Скопје, Л.С.(38) од Скопје пријавил дека околу 15.00 часот, по претходно недоразбирање, во автоперална на подрачјето на Чаир бил физички нападнат од неколку лица, кои го оштетиле неговото возило. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.07.2024 околу 15.25 часот во СВР Велес било пријавено дека повторно се активирал пожарот на регионалниот пат Велес - Извор, кај место викано „Пашин мост“, при што горела сува трева, а бил зафатен и дел од железничката пруга Велес - Битола. Екипи на Територијалната противпожарна единица Велес преземаат мерки за гаснење на пожарот.  

На 19.07.2024 во 16.39 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар на место викано „Домус бунар“ во атар на с.Црнилиште, светиниколско, при што изгореле две стари напуштени куќи и површина со сува трева, стрниште и лозов насад. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 19.07.2024 во 21.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Центар во Скопје било пронајдено машко лице со повреди и во бессознание. Лицето било пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што лекар констатирал тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.07.2024 во 01.13 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на ул.„Гроздан Трифунов“ во Кочани настанал пожар во патничко возило „фиат пунто“ со винички регистарски ознаки, сопственост на Е.Ј.(48). Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 19.07.2024, постапувајќи по претходна пријава дека малолетник од Кочани живеел во вонбрачна заедница со малолетничка од Скопје и дека извршил обљуба врз неа, полициски службеници од Полициската станица Кочани презеле мерки и во неговиот дом малолетникот бил затекнат со малолетничката. Во присуство на претставник од Центарот за социјални работи Кочани, со малолетничката бил извршен службен разговор и бил направен преглед во здравствена установа. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 19.07.2024 во 20.20 часот во СВР Скопје, Б.С.(62) од Скопје пријавил дека околу 18.00 часот подрачјето на Центар во Скопје, едно лице со употреба на физичка сила му одзело чанта со лични предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (20.07.2024) во 01.50 часот во СВР Скопје, К.С.(44) од Скопје пријавил дека на 19.07.2024 околу 23.55 часот во угостителски објкет на подрачјето на Центар во Скопје, Р.С. од с.Арачиново, скопско, упатувал закани на него и С.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 19.07.2024 во 10.30 часот во СВР Охрид, О.Ц(54) од Охрид, управител на правно лице од Охрид, пријавил дека од местото каде што престојувала се оддалечила вработената Н.Б.(20) од Непал. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 19.07.2024 во 15.00 часот во СВР Штип, Б.К.(55) од Штип пријавила дека од домот се оддалечила нејзината мајка Д.Р.(74), лице со здравствени проблеми, а која и претходно неколку пати се оддалечувала и се враќала. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. цр/

Фото; МИА архива
 

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан