• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски за дипломатските пасоши на антикорупционерите: Не мислам дека треба да се расфрламе со имотот на граѓаните

Мицкоски за дипломатските пасоши на антикорупционерите: Не мислам дека треба да се расфрламе со имотот на граѓаните

Скопје, 20 јули 2024 (МИА) – Не мислам дека треба да се расфрламе со имотот на граѓаните и тој имот да се користи на начин којшто е надвор од законот, посочи премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го случајот со дипломатските пасоши кои ги бараат антикорупционерите.

Мицкоски денеска на поставувањето на камен-темелник за изградба на нова градинка во Трубарево, во одговор на новинарско прашање поврзано со барањето дипломатски пасоши од страна на членови на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) рече дека Министерството за надворешни работи ќе даде информација дали членовите побарале или не побарале дипломатски пасоши, како и која е политиката на Министерството по ова ова прашање. 

– Немам информација во врска со дипломатските пасоши на луѓето коишто се дел од Антикорупциска комисија. Се надевам министерот за надворешни работи даде одговор на ова прашање и мислам дека Министерството за надворешни работи ќе ви даде информација дали побарале или не побарале дипломатски пасоши и која е политиката на Министерството, рече Мицкоски. 

Досега дипломатски пасош добила само претседателката на ДКСК Татјана Димитровска, која вели дека е легитимно право на секој член да си побара, а институцијата ќе цени дали им следува. Според Димитровска, дипломатските пасоши им се потребни на членовите на  ДКСК поради честите службени патувања во странство и затоа што се тие функционери именувани од Собранието. ра/цр

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан