• недела, 21 јули 2024

Осум странски државјанки приведени во ноќен клуб на патот Тетово - Скопје

Осум странски државјанки приведени во ноќен клуб на патот Тетово - Скопје

Скопје, 20 јули 2024 (МИА) - Во контрола во ноќен клуб на регионалниот пат Тетово - Скопје ноќеска во периодот од 00.00 до 02.00 часот полицијата затекнала осум странски државјанки на возраст од 22 до 32 години од Русија, Молдавија и Албанија, кои го злоупотребиле престојот, односно престојувале во државата спротивно на целта. 

МВР денеска соопшти дека тие се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка. цр/хс/

Фото: МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан