• недела, 21 јули 2024

СДСМ: Мицкоски изгледа се сретнал со друг Радев

СДСМ: Мицкоски изгледа се сретнал со друг Радев

20 јули 2024 

Денешната изјава на Мицкоски и прераскажаната средба пред новинарите, укажува на тоа дека можеби Мицкоски се сретнал со некој друг Радев, а не со претседателот на Бугарија. 

Тоа што го раскажа Мицкоски не кореспондира со она што го изјави Радев за медиумите, кој вели дека јасно му порачал на Мицкоски дека очекува забрзано спроведување на договорите. 

Оттаму не е јасно дали станува збор за истата средба или премиерот Мицкоски се збунил.
 Слично се случи и после средбата на Мицкоски со премиерот Главчев. Тој тогаш за медиумите изјави дека на Мицкоски му пренел дека обврските остануваат, а Мицкоски на Фејсбук пренесе дека поминала средбата во пријатна атмосфера. 

Додека зборува дома или пак ни се обраќа во снимени видеа, Мицкоски секој ден не потсетува за исправената кичма на новата Влада. Но, не е јасно зошто истото не го кажува и на официјалните средби со бугарските претставници, а чудно е и што заборава што тие му кажале нему. 

Добро е ставовите со кои ја убедува македонската јавност да бидат директно пренесени и до оние кои треба да ги слушнат. Исправената кичма очигледно останува само за домашна употреба.

 

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан