• понеделник, 01 јули 2024

ЈП „Комунална хигиена“ Скопје со засилени активности за време на викендот

ЈП „Комунална хигиена“ Скопје со засилени активности за време на викендот

Скопје, 3 април 2023 (МИА) - Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје во текот на изминатиов викенд, извршија целосно чистење на патеката крај кејот на реката Вардар, каде што се одржа интернационалното Дуатлон првенство. На потегот од скопското Кале до хотел „Александар Палас“ беше спроведено рачно чистење и машинско метење, како и отстранување на непрописно одложениот отпад долж патеката, информираат денеска од ова претпријатие.

- Воедно, за време на викендот ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје изврши подигнување  и транспорт на речиси 30 кубни метри отпад од повеќе диви депонии лоцирани на улиците „23 Октомври“, „Крсте Асенов“, „Рузвелтова“, „Партизански одреди“, „Теодосиј Гологанов“, „Васил Ѓоргов“, „Ѓорче Петров“, „Васил Чакаларов“ и реонот околу Градскиот стадион, во скопските општини Аеродром, Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Центар, се наведува во соопштението.

Како што информираат од претпријатието, во текот на месец март, од страна на неговата Еко-патрола, изготвени се 82 едукативно - информативни записници за лица коишто се затекнати при неправилно одлагање на вкупно 215 кубни метри градежен и кабаст отпад на јавни и сообраќајни површини. бд/аа/

ФОТО: ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје

Остани поврзан