• понеделник, 28 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Средба на градоначалникот на Пехчево, Китански со градоначалникот на Мурска Собота, Дамјан Анжељ

Средба на градоначалникот на Пехчево, Китански со градоначалникот на Мурска Собота, Дамјан Анжељ

Пехчево, 9 април 2025 (МИА) - Градоначалникот на општина Пехчево, Александар Китански оствари официјална средба со градоначалникот на Мурска Собота, Дамјан Анжељ.

На средбата, како што објави денеска Китански, меѓу другото, тема на разговор биле продлабочување на меѓуопштинската соработка и размена на искуства во повеќе области од заеднички интерес.

- Средбата помина во пријателска и конструктивна атмосфера, а беа разгледани повеќе точки меѓу кои од областа на противпожарна заштита. Беше потенцирана потребата од размена на добри практики, заеднички обуки и проекти за унапредување на капацитетите за заштита од пожари. Во областа на туризмот заеднички ја истакнавме важноста на туристичката соработка, преку заедничка промоција на природните и културните ресурси, со посебен акцент на еко и рурален туризам, истакна Китански.

Градоначалниците ја нагласиле важноста на оваа соработка, како мост за идни заеднички проекти, а воедно и како чекор напред во градењето пријателски и европски вредности на локално ниво.

- Од останатите теми, стана збор и за интеграција на сите групи граѓани во општеството, преку разговор за можни заеднички иницијативи и програми насочени кон социјална инклузија и еднакви можности за сите граѓани. Потоа беше опфатена темата мултикултурализам, однсоно обостраната заложба за поттикнување на културната разновидност и нејзино вклучување во секојдневниот општествен живот. На полето на економија, темата беше поддршка на мали и средни претпријатија, како и потенцијали за економска соработка преку размена на искуства, добри практики и можности за поддршка и развој на локалната економија, додаде Китански. 

Посетата на Мурска Собота, како што додаде Китански, е во рамки на неговата неколкудневна посета на Република Словенија. вс/бд/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан