Со забрзана динамика се одвиваат работите за целосна рекострукција на патот Елбасан - ГП „Ќафасан“
- На патниот правец Елбасан - Граничен премин „Ќафасан“, на албанско-македонската граница, кај Струга, кој е дел од Коридорот 8, на терен се работи со забрзана динамика, објави Агенцијата за државни патишта на Албанија.

Дебар, 9 април 2025 (МИА) – На патниот правец Елбасан - Граничен премин „Ќафасан“, на албанско-македонската граница, кај Струга, кој е дел од Коридорот 8, на терен се работи со забрзана динамика, објави Агенцијата за државни патишта на Албанија.
- Дел од патот Елбасан-Ќафасан, од почетокот на јуни минатата година е пуштен за сообраќај, по две ленти, на кој е поставена и потребната патна сигнализација, а на трасата од патот на останатите две ленти, работите се завршени 80 отсто, поточно завршено е поставувањето на првиот слој (подлога и основа). Градежните работи за автомобилскиот подвозник се завршени. Работите за заштита на реките продолжуваат и достигнаа 95% од физичката реализација, стои во објавата.
Се работи и на изградба на кружни и квадратни шахти, пропусти и потпорни ѕидови, а во тек е ископување на влезовите на двата тунела.
- Изградбата на овој патен правец се очекува да ја олесни циркулацијата на возилата со скратување на времето на патување и истовремено зголемување на параметрите за безбедност на патиштата. Тој е еден од ветувачките инфраструктурни проекти со многу важна димензија за развој на туризмот во југоисточниот дел на државата, како и за поврзување на нашата земја со Македонија, Грција и Бугарија, оценуваат од Агенцијата.
Со завршување на работите се очекува радикално се скратат растојанијата, ќе се претвори во меѓуградски пат акако дел од Коридорот 8, веќе е вклучен во европската мрежа, со вкупна должина 50,12 километри.
Тој е од категоријата Б, со четири ленти, по две од секоја страна, со разделници и сите параметри на патот, и со минимална брзина на движење од 110 километри на час.
Ако претходно за минување на патот од Ќафасан до Елбасан беа потребни 1 час и 30 минути, оваа оддалеченост ќе се минува за само 35 минути.
Работите на целосната реконструкција и проширување на патот почнаа во декември 2022 а целосно треба да заврши во 2017 година. вт/цр
Фото: Агенција за патишта-Албанија