Заинтересираните за поставување урбана опрема во Струга да поднесат барање за определување на локација
- Заинтересираните за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Струга за 2025 година најдоцна до 31 мај да поднесат барање за определување на локација – за користење на јавен простор, соопштија денеска од Општина Струга.

Струга, 9 април 2025 (МИА) - Заинтересираните за поставување урбана опрема на подрачјето на општина Струга за 2025 година најдоцна до 31 мај да поднесат барање за определување на локација – за користење на јавен простор, соопштија денеска од Општина Струга.
За добивање на одобрение за поставување на урбана опрема, како што е наведено, потребно е барање на определен образец, потврда за уплатени административни такси и потребна документација согласно правилникот за определување на локации за поставување на урбана опрема за 2025 година.
- Барателот со барањето изјавува дека е согласен да бидат користени неговите лични податоци за потребите на Општина Струга за реализација на постапката и сите известувања во врска со постапката да му бидат доставени во писмена форма, стои во информацијата на Општината.
Комплетираната документација за поставување на урбана опрема потребно е да се достави до архивата на Општина Струга најдоцна до 31 мај годинава. сс/вг/
Фото: МИА архива