• вторник, 30 април 2024

Хуманитарна планинарска акција утре во Неготино

Хуманитарна планинарска акција утре во Неготино

Неготино, 20 април 2024 (МИА) - Хуманитарна планинарска еднодневна акција се организира утре во Неготино, во околината на селото Горни Дисан. Ќе се изодат десетина километри. Настанот е дел од проектите што ги реализираат млади волонтери,  во рамките на програмата, Црвен крст во акција, промоција на хумани вредности, заедно со нивниот дисеминатор Трајанка Дилберова.

- За учество во акцијата се плаќаат симболични 100 денари. Дополнително, ќе има кутија за доброволни донации, ќе може да се донира, во рамките на можностите. Целта е, со собраните средства, да се помогне на семејство од Долни Дисан, рече  денеска Дилберова. 

Таа појасни дека селото Горни Дисан се наоѓа во близина, јужно oд Неготино, на околу 4 километри од селото Долни Дисан, а околу 12 километри од центарот на градот. Речиси до самото село води асфалтиран пат. Горни Дисан е ридско село, расположено на надморска височина од 420 метри. 

Акцијата стартува и завршува кај планинарскиот дом „Дедо Ило Јанчев“ во Горни Дисан. свд/нд/

Фото : Принтскрин од интернет најава за  настанот 

 

Остани поврзан