• недела, 19 мај 2024

Велигденски концерт во Делчево

Велигденски концерт во Делчево

Делчево, 30 април 2024 (МИА) - Во пресрет на велигденските празници, Националната установа Центар за култура ,,Никола Јонков Вапцаров“ од Делчево синоќа го одржа најавениот Велигденски концерт. 


На концертот настапија Фолклорната група при НУЦК ,, Никола Јонков Вапцаров “ Делчево и нивните долгогодишни соработници Културно уметничко друштво ,, Вера Јоциќ “ од Македонска Каменица. 


Директорот на установата, Љупчо Петровски изрази задоволство од посетата на публиката која ја наполни салата во Спомен дом АСНОМ, напоменувајки дека изведбата била на едно големо ниво, со која играорците покажале дека во Делчево фолклорот се негува и развива.


 -Играрците покажаа и дека Делчево е еден од најпознатите фолклорни градови во Македонија. Благодарност и до кореогеафот Кристијан Трајановски кој што ги подготвува овие деца и се надевам ова ќе продолжи и понатаму. Се надевам дека не само на овој Велигденски концерт, туку ќе има уште многу концерти на кои што младите фолклористи ќе можат да ги покажат своите знаења. Во оваа пригода би сакал да им ги честитам Велигденските празници на сите верници и да им посакам добро здравје, среќа и успех, рече Петеовски.


За стручниот соработник за фолклорна и сценска дејност Кристијан Трајановски неизмерна беше радоста од настапот на играорните групи пред делчевската публика.


-Најпрвин сакам да се заблагодарам на гостите од Македонска Каменица, тие ни се долгогодишни соработници, се надевам тоа така и ќе продолжи. Исто така да се заблагодарам на верната публика што секогаш е со нас и најголемо благодарам на сите овие прекрасни дечиња, додаде Трајановски.


Групата во наредниот период ја очекува гостување на реномираниот фолклорен фестивал во Валона, Албанија.


-Веќе и водителката најави дека еден од најзначајните настани ни е фолклорниот фестивал во Валона. Таму со највозрасната група гостуваме од 25 до 28 мај со највозрасната група, еден од најеминентите фестивали на кој учествуваат повеќе земји од Европа, потенцираше програмскиот директор на Центарот за култура Методи Толевски.


Ова беше последна активност на НУЦК ,,Никола Јонков Вапцаров" - Делчево за месец април, а културните збиднувања во  Делчево продолжуваат и во текот на месец мај. вс/са/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан