• недела, 22 декември 2024

Научната фела бара стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти

Научната фела бара стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти

Скопје, 17 мај 2024 (МИА) - Недостасуваат педијатри, гинеколози, има дефицит на патолози, се поголем број млади лекари заминуваат во странство, а државата останува без кадар. Доктор Џенгис Јашар како патолог, кој учествува на дводневната студентска конференција на Универзитетот „Гоце Делчев" Штип посочува дека е дефицитарен и кадарот,  кога се во прашање и микробиологијата, биохемијата и слично. Смета дека ова се должи на тоа што за студентите не се атрактивни одредени медицинки гранки од една страна, а од друга страна нема начин и мотивација, како да бидат интересни со што младите ќе ги изберат и ќе останат да работат во државата.

-Дел од гранките во медицината, ќе ја вклучам тука и миктобиологијата, биохемијата во оваа средина не се доволно ценети и не се атрактивни. Во последно време има голем дефицит на педијатри, гинеколози, поедини интернистички гранки и слично. Во суштина со тек на време дефициентните гранки ќе бидат се позастапени, вели Јашар.

Универзитетскиот професор на Факултетот за медицински науки, Билјана Ефтимова вели дека во болниците недостигаат и анестезиолози, бидејќи се помалку ова како гранка е атрактивно за младите. Сепак, има и такви кои ја бираат и добиваат мотив за да продолжат понатаму, бидејќи станува збор за тешка и одговорна медицинска гранка.

-Јас мислам дека тие вака им е интересно и сами се мотивираат во операциската сала. Голем дел од студентите сакаат да бираат теми од нашата област и ги менторираме нив и стимулираме да ја одберат како гранка иако е многу тешка, вели Ефтимова.

Факултетот за медицински науки при УГД Штип има три студиски програми и околку 3000 активни студенти. Лекари, професори и студенти веќе два дена се дел од третиот студентски конгрес. вдј/сст/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан