• петок, 22 ноември 2024

Делегација од Општина Берово во посета на Општина Раденци, Република Словенија

Делегација од Општина Берово во посета на Општина Раденци, Република Словенија

Берово, 18 мај 2024 (МИА) - Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски заедно со вработени во Општината се во официјална посета на Општина Раденци, Република Словенија. Посетата, како што информираше Пекевски се реализира на покана на градоначалникот на Раденци, Роман Лељак.

-Престојот во Раденци го искористивме за да поразговараме со градоначалникот Лељак за понатамошната соработка меѓу двете општини, за реализација на заеднички проекти како и продлабочување на соработката, информираше Пекевски.

Во рамките на посетата делегацијата како што додаде ја посетиле компанијата ,,Раденска" ДОО. 

-Се работи за компанија која се занимава со производство на минерална вода и безалкохолни пијалоци. Исто така имавме посета и на училиштеро за угостителство и туризам во Општина Раденци. Навистина е чест и задоволство, да се гледа она што го прави оваа мала општина, за подобрување на животот на своите граѓани, додаде Пекевски.

На средбата исто така биле разменети искуства и идеи се со цел градење трајни мостови на пријателство меѓу двете општини. вс/сст/


Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан