• недела, 05 мај 2024

Утре без струја дел од Карпош, а без вода дел од Центар

Утре без струја дел од Карпош, а без вода дел од Центар

Скопје, 17 јануари 2024 (МИА) - Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, во одреден период од денот без струја ќе биде дел од Општина Карпош, а без вода, поради изведување водоводен приклучок, ќе биде дел од Општина Центар.

Од 11.30 до 15.00 часот струја нема да имаат дел од корисниците на ул. „Хелсинки“ бр. 58 (А и Б), 56 (А и Б), 54, 52, 50 и 48, ул. „Нобелова“ бр. 22, 24, 26, 19 (А и Б), 21 (А и Б), ул. „Лондонска“ бр. 1 (А и Б), 3, како и ресторанот „Две Капки“.

Од 10.00 часот без вода ќе бидат корисниците од ул. „Дане Крапчев“ и од дел од ул. „Дебарца“ и „Славка Недиќ“. мч/аа/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан