• петок, 22 ноември 2024

Градоначалниците Дука, Куртовски и Ибраим и СМИР го честитаа Велигден на верниците

Градоначалниците Дука, Куртовски и Ибраим и СМИР го честитаа Велигден на верниците

Дебар, 5 мај 2024 (МИА) - Честитки по повод празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден до верниците упатија градоначалниците од поширокиот дебарски регион, како и Сојузот на Македонците со исламска религија, СМИР.

- Искрени честитки до сите верници по повод големиот празник Велигден, празник кој го носи духот на надежта, љубовта, добродетелството и благородноста. Велигденските празници нека го исполнат секој дом со мир, радост, љубов, здравје и бериќет. И овој, како и сите празници да ги одбележиме заедно, како што тоа е традиција на нашите простори, посака градоначалникот на Дебар Хекуран Дука.

Од свое лично име, од името на Советот и општинската администрација искрени честитки по повод велигденските празници до сите православни верници во општина Маврово и Ростуше, во земјата и во странство упати градоначалникот Медат Куртовски.

-Во духот на љубовта кон човештвото, да се упатиме кон правдата и вистината, да понудиме помош на сите на кои им е потребна. Нека во нашите срца и души се всели духовен мир и спокојство, радост и разбирање. Ви посакувам многу здравје, среќа, љубов, хармонија, верба, наведува Куртовски во честитката.

Честитка до верниците упати и градоначалникот на општина Центар Жупа, Аријан Ибраим, посакувајќи истиот да го поминат во радост и среќа со најблиските и со желби за здравје и благосостојба.

По повод Христовото воскресение честитка упати и Сојузот на Македонците со исламска религија.

- До сите православни христијани, во мое и во име на Сојузот, искрени честитки по повод големиот празник Велигден, со желби за многу среќа, здравје, бериќет, стои во честитката потпишана од претседателот Латиф Пајкоски. вт/вг/

 

Фото: МИА

Остани поврзан