• понеделник, 23 декември 2024

Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи

Посебен сообраќаен режим утре и задутре во Тетово поради предизборни митинзи

Тетово, 4 мај 2024 (МИА) - СВР Тетово информира дека поради одржување на митинзи на политичките партии во рамки на предизборната кампања во следните два дена (недела и понеделник) ќе има посебен сообраќаен режим во центарот на градот. 

- Ќе се воведе посебен режим на сообраќајот и тоа по булевар „Илирија“од влезот на Тетово сè до плоштадот, односно кружниот тек со булевар „Илинденска", при што нема да се дозволува паркирање на возилата низ булеварот. Исто така, за време на митинзите сообраќајот ќе биде пренасочен по другите улици, и тоа по улиците „ЈНА“, „Тодор Ципоски-Мерџан", „Јане Сандански“  и улица „Никола Тесла“, се вели во соопштението на СВР Тетово.

Отттаму со апел возачите да бидат трпеливи и да ги почитуваат наредбите што ќе ги издаваат  полициските службеници. ас/бак/

Фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан