• недела, 12 мај 2024

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница

Почна дистрибуцијата на избирачкиот материјал од битолската печатница

Скопје, 4 мај 2024 (МИА) - Во тек е дистрибуцијата на гласачките ливчиња низ државава за претстојните парламентарни и претседателски избори, закажани за 8 мај, потврдија за МИА од Државната изборна комисија (ДИК).

Од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола се дистрибуира избирачкиот материјал низ цела држава, а од ДИК очекуваат дека дистрибуцијата ќе биде комплетна до крајот на денот.

- Екипите се на терен, вкупно треба да бидат дистрибуирани околу 3.600.000 гласачки ливчиња. Досега, не се евидентирани никакви проблеми при дистрибуцијата на избирачкиот материјал, велат од ДИК.

На вториот круг од претседателските избори право на глас имаат 1.814.317 избирачи, а на парламентарните избори 1.815.350 избирачи. бд/бак/

Фото: МИА архива

Остани поврзан