• вторник, 14 мај 2024

Во Крива Паланка ќе се одржи манифестацијата "Велигденска традиција"

Во Крива Паланка ќе се одржи манифестацијата

Крива Паланка, 5 мај 2024 (МИА) - Со изложба на велигденски декорации и изработки, натпревари во најубаво декорирано велигденско јајце, најцврсто јајце и забавни игри за присутните на градскиот плоштад во Општина Крива Паланка денеска ќе се одбележи големиот христијански празник, Велигден.

Активностите ќе се реализираат во рамки на манифестацијата "Велигденска традиција", во организација на Градскиот музеј, како дел од програмата "Крива Паланка -Град на културата".

Покрај изборот на најубаво велигденско јајце и велигденска декорација, и годинава ќе се одржат традиционалните велигденски игри и натпревари во: најцврсто јајце, носење јајце во лажица и носење балон-во парови со пријава за учество на почетокот на самата манифестација. 

-Заедничката Велигденска прослава и забавните игри носат пријатни изненадувања, особено за најмладите, а упатуваат силна порака за обединување, заедништво и славење на новиот почеток и животот во целата заедница. Прославата ќе биде збогатена со велигденски концерт на Дејви и бендот, а во духот на традицијата, како и секогаш, од име на општината ќе бидат поделени велигденски јајца за сите присутни, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка, повикувајќи ги сите жители на градот и посетителите на градсиот плоштад, точно напладне, за заедничка прослава на Христовото воскресение и празникот - симбол на верата, љубовта и семејството, Велигден. 

Велигденските изработки, ќе се продаваат по симболични цени, а собраните средства одат во фондот на кампањата „ Концертен клавир за градот на културата - Крива Паланка“. ид/

Фото: Плакат

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан