• недела, 12 мај 2024

Игор Димески од Сараќино: Левица со поддршка земјоделието со стратешка и домаќинска обработка на површините

Игор Димески од Сараќино: Левица со поддршка земјоделието со стратешка и домаќинска обработка на површините

Тетово, 4 мај 2024 (МИА)- Игор Димески, носителот на кандидатска листа со пратеници за ИЕ6 на Левица денеска пред жителите во тетовско Сараќино зборуваше за две теми од Програмата на партијата - земјоделството, односно управување и користење на плодните земјоделски земјишта и трговијата.

-Програма што ја нуди Левица за земјоделието на овие избори и мудро осмислените проекти, се изготвени според потребите на граѓаните, кои ќе им овозможат сопствен доход и развој. Полог, и полошкиот регион, располагаат со високо-потенцијални земјишта и ресурси од кои цел регион може да се прехрани. Со стратешка, но и домаќинска обработка на површините, Левица нуди: бесплатна анализа на земјиштата, делење на парцели за обработка на млади брачни парови, професионална едукација на земјоделците. Во таа насока посочи итно спроведување на гарантирани цени за прехранбени продукти. Потребно е итно укинување на мерката за продажба на зелените пазари. Секој граѓанин има право да го продава она што го произвел, истакна Игор Димески.

Тој од Сараќино порача дека преку Програмата на Левица се води грижа за сите граѓани, потенцирајќи дека тие се единствена наародна работничка партија, како и партија на чесни и неподмитливи политичари, на кои им е најважен народот. ас/вг/

Фото: Левица 

Остани поврзан