• петок, 28 јуни 2024

Саливан: Труењето на Навални го продлабочи јазот во американско-руските односи 

Саливан: Труењето на Навални го продлабочи јазот во американско-руските односи 
Вашингтон, 24 септември 2020 (МИА) - Американскиот амбасадор во Москва, Џон Саливан, изјави дека случајот со рускиот опозиционер Алексј Навални, покрај другите несогласувања целосно негативно влијае врз односите меѓу Вашингтон и Москва. - За жал, коридорите за заемни односи и можност за разговори се стеснуваат поради поведението на Русија, изјави амбасадорот денеска на конференцијата на Американската трговска комора во Русија. Тој додаде дека суштествените дискусии и разговори се усложнуват, и дека тие стануваат невозможни кога руските власти се откажуваат да отворат истрага за труењето со забранета нервно-паралитичка супстанца на истакнат државјанин на сопствената земја, изборите во САД стануваат цел на кампања на влијание спонзорирана од Русија, а на американските државјани во земјата им се врачуваат апсурдни обвиненија. - Мојот поранешен раководител, Рекс Тилерсон (екс државниот секретар на САД) дојде во Русија во 2017 година... Тогаш тој кажа дека сме ја постигнале најниската точка во билатералните односи. Ние треба да престанеме да ја копаме таа јама и да започнеме да бараме патеки што водат кон соработка. За жал, во изминатите три години јамата стана уште подлабока, изјави Саливан. Тој истакна и дека американската дипломатска мисија во Москва се соочува со недостиг од кадар, откако двете земји стапија во своевидна дипломатска војна и преку реципроцитетни мерки депортираа десетици вработени од нивните конзуларни претставништва, а поврзано со шпионски скандали и вмешаноста на Москва во изборите во САД. кб/ми/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан