• недела, 22 декември 2024

Анкета на Си-Ен-Ен по дебатата: Настапот на Трамп беше многу подобар од оној на Бајден

Анкета на Си-Ен-Ен по дебатата: Настапот на Трамп беше многу подобар од оној на Бајден

Вашингтон, 28 јуни 2024 (МИА) – По завршувањето на првата, најавена како историска, дебата меѓу двајцата претседателски кандидати за изборите во САД, актуелниот претседател, демократот, Џо Бајден и неговиот противкандидат, републиканецот, Доналд Трамп, домаќинот на настанот телевизијата Си-Ен-Ен, спроведе анкета која покажа дека подобар настап имал поранешниот американски претседател.

Според Си-Ен-Ен, регистрираните гласачи кои ја гледаа рано утринската дебата меѓу Бајден и Трамп предност му дадоа на противкандидатот Трамп за кого се определија 67 отсто, наспроти  33 отсто за Бајден.

Пред самата дебата, истите гласачи, исто така, очекуваа подобар настап на Трамп, но соодност беше  55 наспроти 45 отсто.

Резултатите од истражувањето ги одразуваат мислењата за дебатата само кај оние гласачи кои ја следеле и не се репрезентативни за ставовите на целото гласачко тело - според нивните демографски карактеристики, политичките преференци или нивото на внимание што го посветуваат на политиката. Гледачите на дебата во анкетата имаа пет поени поголема веројатност да се наклонат кон републиканците отколку кај демократите, што ја прави публиката малку повеќе наклонета кон републиканците од сите регистрирани гласачи на национално ниво.

Но, резултатите се промена од 2020 година, кога набљудувачите на дебатата мислеа дека Бајден го победи Трамп во нивните претседателски дебати.

Мнозинството од 57 отсто од гледачите на ноќешната дебата сметаат дека немаат вистинска доверба во способноста на Бајден да ја води земјата, додека 44 отсто велат дека немаат вистинска доверба во способноста на Трамп да го направи тоа. Овие бројки практично се непроменети од анкетата пред дебатата, во која 55 отсто од тие гласачи изјавија дека немаат доверба во Бајден, а 47 отсто рекоа дека немаат доверба во Трамп.

Анкетата на Си-Ен-Ен беше спроведена преку СМС порака со 565 регистрирани гласачи во САД кои рекоа дека ја гледале дебатата, а резултатите од анкетата ги претставуваат ставовите само на гледачите на дебатата. Испитаниците беа регрутирани да учествуваат пред дебатата и беа избрани преку анкета на членовите на Панелот за мислење на SSRS, национално репрезентативен панел регрутиран користејќи техники за земање примероци базирани на веројатност.

Резултатот од целосниот примерок на гледачите на дебата има маргина на грешка при земање примероци од плус/ минус 5,5 процентни поени.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан