• петок, 28 јуни 2024

Харис: Американците треба да се фокусираат на достигнувањата на Бајден, не на дебатата

Харис: Американците треба да се фокусираат на достигнувањата на Бајден, не на дебатата

Атланта, 28 јуни 2024 (МИА) - Американската потпретседателка, Камала Харис, по синоќешната прва дебата меѓу претседателските кандидати Џо Бајден и Доналд Трамп, изјави за Си-Ен-Ен дека Американците треба да се фокусираат на она што го постигна претседателот Џо Бајден за земјата во неговиот мандат, а не на неговиот ноќешен настап.

-Зборувам за три и пол години работа кои беа исклучително важни, историски, изјави Харис за Си-Ен-Ен.

“Дали претседателот што го видовме вечерва е на таа сцена, дали е таков секој ден?“, ја праша водителот.

Харис изјави дека Бајден е личност со која соработува секој ден, дека тој е некој кој работи на начин да ги доведе луѓето во Овалната соба - републиканците и демократите - без разлика на нивната политичка припадност и дека успева да ги доведе до компромис .

-Тоа е извонредно. Во денешно време тоа едноставно не се случува, но Џо Бајден може да го направи тоа, рече Харис.

Таа спомена и некои други достигнувања на Бајден, како што се зајакнувањето на НАТО алијансата и отворањето работни места.сд/

фото:ЕПА



Остани поврзан