• сабота, 29 јуни 2024

Тужба против Холандија поради испорака на делови за воени авиони во Израел

Тужба против Холандија поради испорака на делови за воени авиони во Израел

Хаг, 28 јуни 2024 (МИА) – Три организации за човекови права денеска поднесоа тужба против Владата на Холандија поради тоа што не ја почитува забраната за снабдување на Израел со резервни делови за воените авиони Ф-35.

Апелацискиот суд во февруари пресуди Холандија да престане да испорачува делови за израелските воени авиони кои се користат во офанзивата во Појасот Газа, со образложение дека тоа е „јасен ризик“ оти авионите се средство за кршење на меѓународното хуманитарно право.

Организациите за човекови права ја поднесоа тужбата, тврдејќи дека забраната не била спроведена.

- За жал, сè укажува дека овие делови од Холандија пристигнуваат во Израел по други рути, соопшти рече „Оксфам Новиб“ една од организациите поврзани со случајот.

Додека адвокатката Лизбет Зегвелд, која ги застапува организациите пред судот посочи дека „холандската Влада продолжува да испорачува (делови) на други земји, вклучително и САД и тоа е спротивно на наредбата на судот. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан