• четврток, 21 ноември 2024

Жена загина при пад на спортски авион во белгискиот град Хаселт 

Жена загина при пад на спортски авион во белгискиот град Хаселт 

Брисел, 28 јуни 2024 (МИА) - Жена загина, а маж е повреден при уривање на двокрилен спортски авион во раните вечерни часови во градот Хаселт во провинцијата Лимбург во североисточниот дел на Белгија. 

Како што соопшти лимбуршкото Јавното обвинителство, повредениот маж бил пилот во авионот, а загинатата жена негов сопатник. Повредениот е пренесен во болница и се наоѓа во состојба на шок. 

Очевидец на настанот за белгискиот јавен радиодифузен сервис на холандски јазик ВРТ изјави дека авионот направил ротација во воздухот, по што се урнал во паркот во Хаселт, 

- Очигледно нешто не беше во ред. Моторот престана да работи, па се вклучи. Потоа авионот почна да паѓа и слушнавме само силен удар, но не видовме чад, изјави друг очевидец на падот за ВРТ. 

Причина за уривањето на авионот се уште не е позната. На местото на настанот покрај припадници на Јавното обвинителство и полицијата, излегле и претставници на белгиската Федералната воздухопловна служба со задача да ги испитаат околностите за несреќата. сп/

Фото: Скриншот ВРТ

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан