• петок, 21 јуни 2024

Роналдо: Знам дека немам уште многу години во фудбалот

Роналдо: Знам дека немам уште многу години во фудбалот

Берлин, 12 јуни 2024 (МИА) - Напаѓачот на Португалија, Кристијано Роналдо уште еднаш се најде во центарот на вниманието, постигнувајќи два гола во победата од 3:0 над Ирска во последниот натпревар пред почетокот на Евро 2024.

Иако веќе има 39 години, тој покажа одлична форма откако можеше да постигне и „хет-трик“, но еднаш ја погоди гредата од слободен удар и пропушти уште две одлични шанси за гол.

- Реализирањето на голови е секогаш убаво и се трудам да уживам во тоа. Знам дека немам уште многу години во фудбалот. А како што велат во Шпанија, секоја година е подарок. Головите се во мојата ДНК. Најважно е да се посветите на својата работа. Мојата љубов кон репрезентацијата е доживотно. Важно е да си физички и психички здрав за да му помогнеш на тимот, изјави Роналдо за „СпортТВ“.

Кристијано од јануари минатата година игра за Ал-Наср од Саудиска Арабија. Претходно ги носеше дресовите на Манчестер Јунајтед, Јувентус, Реал Мадрид и Спортинг Лисабон.

Напаѓачот има вкупно 207 настапи за репрезентацијата на Португалија, на кои постигна 130 голови. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан