• сабота, 22 јуни 2024

Мбапе ќе стартува од клупата против Холандија

Мбапе ќе стартува од клупата против Холандија

Лајпциг, 21 јуни 2024 (МИА) - Килијан Мбапе ќе биде на клупата на натпреварот меѓу Франција и Холандија во групната фаза на Евро 2024, кој ќе се игра вечерва.

Суперѕвездата го скрши носот на пресметката против Австрија која „петлите“ ја добија со 1:0. Повредата предизвика сомнеж дали офанзивниот играч за врска ќе може да игра на натпреварите од групната фаза, но медицинскиот штаб на Франција потврди дека тој ќе може да учествува доколку носи заштитна маска.

Мбапе ќе биде вклучен во групата за средбата со „лалињата“, а се очекува да влезе во второто полувреме. Главната тешкотија за него ќе биде да се навикне на заштитната маска. Доколку не се чувствува подготвен, неговото место во нападот ќе го заземат Антоан Гризман или Маркус Турам. дс

Фото: Архива

Остани поврзан