• петок, 22 ноември 2024

Манчини ќе инкасира уште 65 милиони евра од Саудиска Арабија

Манчини ќе инкасира уште 65 милиони евра од Саудиска Арабија

Ријад, 25 октомври 2024 (МИА) - Роберто Манчини доби отказ од функцијата селектор на Саудиска Арабија, но и покрај ова во следните три години ќе инкасира повеќе од 65 милиони евра. 59-годишниот стручњак беше ослободен по 14 месеци на чело на националниот тим.

Во август 2023 година, Манчини потпиша договор за 4 години вреден 80 милиони евра. И покрај тоа што доби отказ, Италијанецот ќе ја наплати речиси целата сума од преостанатиот договор.

Манчини беше најплатен тренер во светот со плата од близу 24 милиони евра годишно. дс

Фото: Архива

Остани поврзан