• вторник, 21 април 2026

Д-р Пирс во интервју кај Расел Бренд: „Спајк“ протеинот е моќен токсичен непријател и морав да најдам начин како да се исчистиме од него

Д-р Пирс во интервју кај Расел Бренд: „Спајк“ протеинот е моќен токсичен непријател и морав да најдам начин како да се исчистиме од него

Скопје, 21 април 2026, (МИА)

Бранка Д. НАЈДОВСКА

„Она што го гледав во клиниките беше ужасно. Почнував да ги проучувам доказите за токсичноста на „спајк“ протинот од вакцините (зборува за западните вакцини, н.з.) и што е тоа што вакцините му го прават на телото кое почнува да го произведува „спајк“ протеинот. 

Почнав да ги гледам последиците од тоа: луѓето доживуваа срцеви удари, мозочни удари и миокардитис. Имаа и имаат згрутчување на крвта, белодробни емболии. Се појавуваат турбоканцери и секој, секој пациент, Расел, ми раскажуваше за своето семејство и за пријатели што ненадејно починале или за соседите на кои им се случило нешто слично“, раскажува британската докторка Тина Пирс во неодамнешното интервју со Расел Бренд, поранешен актер, кој се прослави со два холивудски филма, потоа стендап-комичар, сега има влијателен поткаст и се смета дека се збогатил така што добил 20 милиони долари по разводот со славната Кети Пери

„Една жена, кога се вратила дома од работа, го нашла 28-годишниот работник мртов на влезот. Вакви работи се случувале постојано. Беше ужасно. Знаете, „спајк“ протеинот е навистина многу, многу токсичен. И предизвикува турбоканцер, миокардитис...

И длабински се нурнав во сите видови медицински извештаи и станав многу свесна за она што се случува... И имаше илјадници страници за токсичноста. Па почнав да зборувам за тоа и се појавив на GB News уште во јануари 2023 година. И тогаш ме нападнаа“, вели таа во долгото интервју. 

Таа ги проучила сите студии за безбедноста на мНРА ковид-вакцините и утврдила дека не се спроведени студии за канцерогеност, за токсичност, за плодност, ниту се спроведени студии за биодистрибуција за да се види каде вакцината отишла во телото.

„Знаете, кога ќе се произведе „спајк“ протеинот, тој се наоѓа во целото телото и тоа е тоа, поради што сè уште гледаме луѓе кои се толку болни, а примиле вакцини уште во 2021 година. Но тие сè уште добиваат миокардитис или срцеви заболувања, или срцев удар, или им се случува ненадејна смрт итн. затоа што овој ужасен отров е сè уште таму... Начинот на кој функционираа овие вакцини е следен: тие содржеа информативна РНК, која претставува парче кодирана лента. Таа лента им дава инструкции на нашите клетки да произведуваат еден туѓ, нечовечки, токсичен протеин, протеинот „спајк“. За разлика од она што ни беше кажано, тој протеин не останува само на местото на кое е примена вакцината во раката (треба да остане само во таа мала област во рамото, каде вакцината е инјектирана, нз.). Всушност, тој се шири во целиот организам. Минува низ крвно-мозочната бариера и дури влегува во човечкиот мозок. Може да помине и преку плацентата стигнувајќи до фетусот. Овој протеин навлегува во здравите клетки и ги презема нивните рибозоми, механизмите што ги користат клетките за производство на потребните протеини. Наместо да ги создаваат протеините што ѝ се потребни на клетката за да остане здрава и во рамнотежа, рибозомите сега го произведуваат овој токсичен протеин. На пример, една доза вакцина на „Фајзер“ содржи 13 милијарди парчиња од оваа информативна РНК, што може да резултира со создавање трилиони „спајк“ протеини во телото. Проблемот е што сè уште не постои механизам за исклучување на оваа РНК. Не беа направени студии што би покажале како телото го чисти или неутрализира протеинот. Кај некои луѓе можеби исчезнува природно, но тоа не е познато со сигурност“, вели д-р Пирс и додава: 

„Дури и патолозите беа предупредени да не ги користат боите што би ги откриле шилестите протеини во ткивата, па само неколку стручњаци успеаја да ги идентификуваат. Тие откриле дека ткивото на човекот е полно со овој протеин. Еден германски патолог, на пример, прегледал случаи на млади луѓе што починале набргу по вакцинацијата и во нивните тестиси, наместо сперма, нашол само „спајк“ протеин. Аргументот што го даваа беше дека овие протеини стимулираат производство на антитела, кои би помогнале телото побргу да реагира при следна инфекција. Меѓутоа, ова не изгледа логично. Ако „спајк“ протеинот е најштетниот дел од вирусот, зошто би ги натерале телата на луѓето да произведуваат уште повеќе од него?!“

Таа потенцира и дека ова е како да имате 10.000 шилести протеини од инфекцијата, а потоа да добиете трилиони други од вакцината, при што тие циркулираат во мозокот, срцето, белите дробови и во другите органи. Па, заклучува докторката, не е за изненадување што толку многу луѓе страдаат, а таа се соочува со многу пациенти што ова го чувствуваат секој ден.

Таа самата се вакцинирала двапати со „Астра Зенека“ бидејќи ѝ рекле дека ако не се вакцинира, нема да може да работи како лекар. 

„И јас се чувствував обврзана да се вакцинирам бидејќи ми беше кажано дека инаку не ќе можам да ги прегледувам и лекувам моите пациенти. И поради мојата љубов кон моите пациенти, чувствував обврска да продолжам да работам. Исто така, чувствував дека нема многумина од нас што им помагаат на пациенти со долготраен ковид.

Значи, морав да го направам тоа. И тоа ми го влоши здравјето, што беше ужасно. Но, да, така направив. Но тоа ме доведе до ситуација да барам и да најдам решение и начин за чистење на „спајк“ протеинот од телото“. 

Инаку, таа почнала да работи како специјалист за менопауза, но со пандемијата се соочила со нови и неизвесни ситуации, кои ја натерале да го прошири својот фокус и да се бори за пациентите со долготрајни симптоми од вирусот. Не постојат какви било контроверзии за нејзината стручност, напротив, освен разликите со официјалната медицина во врска со ковидот. Не е антиваксер, далеку од тоа, ниту може да се дискредитира така што ќе ѝ се залепи таква етикета. Д-р Пирс е единствено сконцентрирана на „спајк“ протеинот и н авакцините што го принудуваат телото да го произведува и тука завршува нејзината приказна за вакцините. Не е пропагатор на тезата дека имунолошкиот систем сам ќе го реши проблемот и нема ниеден антиваксерски став. Таа е врвен специјалист за менопауза и хормонско здравје, а подоцна се фокусира на хистаминска интолеранција, MCAS (синдром на активација на мастоцити) и долготраен ковид. 

„Имајќи приватна пракса, луѓето почнаа постојано да ме бараат како што се ширеше веста за вирусот. Па, така, во 2020 година ја отворив клиниката за долготраен ковид. Пациентите што ми беа приватни пациенти стапија во контакт со мене и ме молеа за помош. Почнав да лекувам акутен ковид, но сфатив дека никој не им помага со долготрајниот ковид. Сфатив како да се лекува акутен ковид, а со тоа и долготрајниот. Пациентите имаа синдром на активирање на мастоцитите за што имав интерес уште од 2016 година. Поради состојбата на ќерка ми, која има послабо срце, ја почнав оваа работа“, вели таа во интервјуто со Расел Бренд.

„Кога почнаа со заклучувањата, им велев дека ординациите треба да останат отворени подолго време бидејќи ќе имаат и нормални пациенти и пациенти со ковид. Но потоа почнаа да ги затвораат ординациите и рекоа дека нема третман за ковид, што го сметав за лудост. Секогаш има третман за болести. Кога воспоставија карантин, го користеа како затворска казна, што не е медицински термин. Во медицината болните луѓе се ставаат во карантин, а не здравите (на пример, дури и во античко време, болните од лепра биле изолирани, но не ги заклучувале здравите луѓе, н.з.). Ги заклучувавме здравите, ги спречувавме децата да одат на училиште. Кај секоја заразна болест најважно е да се знае која возрасна група е најранлива, а тоа беа постарите лица со коморбидитети. А науката што ја следевме тогаш при епидемијата, едноставно, немаше смисла“, вели д-р Пирс и додава:

„Пролетта 2020 година читав сè што можев за ковидот. Прочитав извештаи од обдукции од Италија, во кои пишуваше дека луѓето починале од хипервоспаление, згрутчување на крвта, крвавење и распаѓање на мембраните во белите дробови. Помислив дека овие луѓе не починале од инфекција, туку од реакцијата на телото. Сфатив дека луѓето со склоност кон прекумерна реакција на мастоцитите (клетки што настануваат во коскената срцевина и живеат во ткивата, а кои се дел од првата линија на одбрана на телото, нз.) произведуваат цитокини, што предизвикуваат воспаление и смрт. Па почнав да ги третирам со антихистаминици (четирипати на ден, а не еднаш), магнезиум, цинк, селен, витамин Д, витамин Ц и кверцетин, кој е стабилизатор на мастоцитите. Во некои случаи пациентите престанаа да кашлаат по само четири часа, а воспалението во белите дробови се намали. Лекував стотина пациенти. Еден колега од Јужна Африка имаше слични резултати со 14.000 пациенти и ниеден од нив не отишол во болница или починал“.

Оваа докторка е категорична дека светските медицински авторитети потфрлиле за време на ковид-пандемијата: „За што зборуваме? За неспособност? Многу полошо. Ова беше планирано, организирано. Вакцините, кои се генска терапија, беа однапред нарачани. Јас почнав да зборувам за тоа и сè што кажував беше вистина, потврдена со извештајот на MHRA (Агенција за регулирање лекови и здравствени производи во В. Британија). Во извештајот немаше податоци за безбедноста: студии за плодност, канцерогеност, токсичност, биодистрибуција и фармакокинетика. Тие не беа спроведени. Го посочив ова и бев нападната. Но морав да проговорам за да ги предупредам луѓето и ако тоа спаси барем една бремена жена или млад човек, вредеше“.

Таа истакнува и нешто шокантно: 

„Исто така, постои нешто што се нарекува прелевање. Не знам дали си наишол на тоа, Расел? Докажано е дека кај луѓето што примаат бустер-дози, кога ќе поминат најмалку 18 недели, а веројатно и подолго по примањето на бустер-дозата, протеинот „спајк“ се шири на други луѓе преку плунка, здив и сперма“.

Ова е нешто што може да звучи прилично изненадувачки, но не е новост. Првите сомневања за ова ги истакна д-р Роберт Малоун, изумителот на мНРА-технологијата, еден од најголемите светски експерти во оваа област, соработник на Министерството за одбрана на САД (во случај на напад на САД со биолошко оружје со тим експерти треба да најде лек од постојните и да го пренамени, што тој и го направи со ковидот уште во февруари 2020 со „фамотадин“ - „фамосан“ во високи дози и еден антибиотик), врвен експерт во областа на вирусологијата и вакцините, донеодамнешен соработник на секретарот Роберт Кенеди Јуниор, кој уште во 2021 година во интервју кај д-р Питер Наваро истакна: 

„Една од работите што ги вознемирува жените во целиот свет, а се негира од властите како проблем, е дека се јавуваат промени во нивниот менструален циклус, а она што ги вознемирува гинеколозите е дека жени во менопауза почнуваат да крвават. Обично тоа е поврзано со канцер, тоа е карактеристика на канцер на женскиот репродуктивен систем. Тоа не значи дека навистина ќе се развие канцер, не знаеме, но ова нема смисла, нема логика, ова не сме го виделе порано. Друга работа што е навистина чудна е дека повторно, и повторно, и повторно жени пријавуваат дека ако се вакцинирани и ако се во групата на жени што не се вакцинирани, оние што не се вакцинирани известуваат дека добивале менструални нерегуларности. Ова е загрижувачки од апсект на тоа што и многумина се загрижени дали „спајк“ протеинот се пренесува меѓу луѓето на некој начин и ги погодува другите луѓе. За мене е неверојатно тешко да сфатам како тоа се случува, а сепак луѓето сето ова го пријавуваат, како што реков - повторно, и повторно, и повторно“, изјави тогаш д-р Малоун.

Личното искуство ја мотивирало д-р Пирс дополнително да се посвети на наоѓање решение за чистење на телото од „спајк“ протеинот, кој се произведува во организмот и по пет години: „Мојот син ја прими вакцината бидејќи сакаше да патува, а моите ќерки не. Бев многу вознемирена. Се чувствував обврзана да продолжам да работам поради љубовта кон моите пациенти, затоа и јас се вакцинирав, иако тоа ми го оштети здравјето“.

Нејзината решителност да им помогне на пациентите со долготраен ковид ја довело до откритие на италијанскиот „Проект 'Нула спајк'“, непрофитна организација, која развила методи за детоксификација од токсичниот „спајк“ протеин. „Тие го пронајдоа одговорот за сите. Тоа е порака на надеж“, вели д-р Пирс повтoрно детално објаснувајќи ги штетните ефекти на „спајк“ протеинот, кој, според неа, предизвикува турборак, миокардитис, ужасна неплодност, синдром на ненадејна смрт и белодробни згрутчувања. Нејзиниот став за токсичноста на „спајкот“ не е осамен. Него го делат и стотици и стотици реномирани експерти, како што е еден од најголемите умови во областа на онкологијата, д-р Патрик Сун Шионг (изумител на универзалната вакцина за рак, која се базира на слаба хемотерапија и внесување на протеинот ИЛ 15, нешто што се обидува да го направи и ФДА, но не успева), кој го поврзува појавувањето на турбоканцери на панкреасот, дури и кај 13-годишни деца со „спајк“ протеин, д-р Роберт Малоун, д-р Питер Меколих, еден од најповикуваните кардиолози за сведочење во Сенатот на САД во врска со ковидот, молекуларниот биолог Брет Вејнштајн итн. Д-р Пирс истакнува дека вакцините го принудуваат телото да произведува појак и потоксичен вид на протеинот, кој организмот не може природно да го исчисти.

„Засилениот NAC (auegemented NAC), кој е дел од решението од ‘Нула спајк’, е единствениот додаток што според моето искуство го детоксифицира телото и му помага да се избори со овој протеин“, вели таа објаснувајќи дека терапијата треба да се зема редовно и долг период. Што значи, терапијата со NAC треба да се зема продолжено, трипати дневно три месеци, а потоа еднаш дневно. За разлика од третманот на фондацијата „Питер Меколих“, која препорачува натокиназа, бромелеин и куркума, комплет што ја разредува крвта, обичниот NAC e сосема безбеден од овој аспект, што е клинички докажано (во дози до 600 мг на ден). Проблемот кај овој засилен NAC на д-р Пирс, за кој нема ниеден доказ, ниедна студија дека е штетен и дека дополнително ја разредува крвта, но, од друга страна, нема ниеден доказ, ниедна студија и дека е безбеден за оние што имаат проблем со разредена крв, е дека не се знае дали е ризичен или не за оние што имаат ваков проблем и кои не смее да употребуваат лекарства или суплементи што ја разредуваат крвта. Значи, нема доказ дека е штетен, но нема доказ и дека не е штетен, за што можеби е доказ и фактот дека на прашањето на МИА, не добивме одговор за овој аспект од компанијата што го продава, па оттука, овие редови не треба да се сфатат како препорака, туку само како едукативна информација. За сите останати, „засилениот NAC“ е безбеден. Како го добиле овој „чистач“ на „спајкот“? Д-р Пирс објаснува вака: 

„Значи, протеинот „спајк“ е токсичен непријател и телото не може да го исчисти таков каков што е. Тој е многу, многу моќен. Тоа е многу сложен протеин. И сфатија дека треба да пронајдат нешто што ќе реагира со него и ќе го разгради. И навистина сакаа да пронајдат додаток во исхраната бидејќи не сакаа луѓето да мора да добиваат рецепт од лекар.

И, така, тие всушност зедоа над 200 додатоци во исхраната и ги измешаа со протеинот „спајк“, кој можете да го купите на интернет за истражувачки цели. И тие го разгледаа протеинот и открија дека NAC, кој е фантастичен додаток за земање, беше единствениот што малку го ослабна протеинот.

Но, тоа само ослабуваше неколку од врските во протеинот, можеби раскинувајќи 2 % од оваа структура или дури можеби максимум 12 % од структурата, но потоа структурата пак ќе се реформира (што сепак значи дека „обичниот“ NAC може делумно да помогне, н.з.). За среќа, работеа со квантен физичар. И решението беше во кохерентноста. Еве еден пример за кохерентност, што е навистина интересно. Ако земете мајмун и тој научи како да користи алатка, нова алатка за да отвори орев или нешто слично, тоа ќе ги научи и другите мајмуни како да го прават тоа.

Штом сто мајмуни ќе знаат како да го направат тоа, сите мајмуни на светот ќе знаат како да го направат тоа. Значи, ако ги земете молекулите на „обичниот“ NAC и ги направите сите апсолутно да имаат кохерентност и да се порамнат на ист начин, тогаш им давате поголема моќ.

Тоа е малку како разликата помеѓу фенерче и ласерски зрак. Значи, фенерчето има фотони светлина што излегуваат расфрлано и можете да видите дека сјае светлина во собата. Одлично е. Но ако ги ставите тие фотони од светлосни бранови во синхроницитет, во ред, тогаш тоа станува ласерски зрак и е многу помоќен и може да оди многу подалеку. И може да прави и други работи. Можете да правите секакви работи со ласерски зрак, што не можете да го направите со фотони од светлина, но во суштина тоа е сепак светлина. Значи, молекулите во NAC беа ставени во машина за да се порамнат сите за да им се даде кохерентност и синхроницитет. Потоа, кога го ставија тој молекул во шилестиот протеин, беа толку возбудени бидејќи можеа да видат како влегува во протеинот, како му прави експлозија и го разнесува на повеќе мали парчиња, што црниот дроб потоа може да ги исчисти. Така можете да ги исфрлите од телото“.

На крајот таа уште еднаш ја нагласува сериозноста на ситуацијата и ја повикува јавноста да биде свесна за овие нови сознанија: „Професорот Ангус Далглиш од Лондон (еден од најреномираните онколози во Британија, коизумител на CD4-рецепторот како главна врата за ХИВ - фундаментално откритие во имунологијата, пионер во имунотерапијата при рак, вклучително и рано воведување IL‑2 за меланом итн., н.з.) велеше дека гледа цунами од канцер предизвикан од „спајк“ протеинот и дека ова е само почеток“. бдн/дј

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан