• сабота, 22 јуни 2024

Баџо: Насилството врз мене резултираше само со неколку конци

Баџо: Насилството врз мене резултираше само со неколку конци

Алтавила Висентина, 21 јуни 2024 (МИА) - Фудбалската легенда Роберто Баџо ги смири сите загрижени фанови, откако синоќа беше нападнат во неговиот дом од вооружени крадци.

Бил удрен во главата, а потоа бил затворен со семејството додека крадците го опустошувале имотот.

По искуството, екс-фудбалерот отишол во блиската болница на преглед и „заработил“ неколку конци на главата.

-Прво, јас и моето семејство сакаме да се заблагодариме за љубовта што ја добивме. Под овие околности, се може да се случи. За среќа, злоставувањето кое го претрпев резултираше со неколку конци, повреди и многу страв. Сега останува да се надмине стравот, беа првите зборови на Баџо по тоа што се случи. дс

Фото: Принтскрин

Остани поврзан