• сабота, 22 јуни 2024

Еурофарм Пелистер доби „вајлд-карта“ за Лигата на шампионите

Еурофарм Пелистер доби „вајлд-карта“ за Лигата на шампионите

Битола, 21 јуни 2024 (МИА) - Европската ракометна федерација (ЕХФ), ги објави добитниците на „вајлд-карти“ за новата сезона од Лигата на шампионите, а ракометниот клуб Пелистер е меѓу оние кои добија, соопштија од битолскиот клуб.

Покрај Пелистер уште пет клуба добија покана од ЕХФ да учествуваат во ЛШ, а тоа се Загреб од Хрватска, Нант од Франција, Пик Сегед од Унгарија, Кјелце од Полска и Динамо Букурешт од Романија.

ЕХФ ги одби барањата на Елверум, Порто, Татран Прешов, Бидасоа и Шафхаузен кои во следната сезона ќе настапуваат во Европската лига. дс

Фото: Архива

Остани поврзан