• вторник, 19 ноември 2024

Претставници на организацијата РРОМА во посета на Општина Берово

Претставници на организацијата РРОМА во посета на Општина Берово

Берово, 13 мај 2024 (МИА) - Градоначалникот на Берово, Звонко Пекевски денеска оствари средба со преставници од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација - РРОМА. На средбата, како што информираше Пекевски споделени беа идеи и искуства,  разгледана беше и можноста за понатамошна соработка за остварување на  потребите на Ромската заедница во Берово.

-Претставниците на РРОМА упатија срдечна благодарност  за придонесот и посветеноста кон Ромската заедница во Берово. Оваа организација претходно ме прогласи за најпријателски Ромски градоначалник, од Република Северна Македонија. Затоа упатив голема благодарност за изборот за „Најпријателски Ромски градоначалник“ и за можноста што ја имаше да присуствувам во Брисел каде ми беше доделена наградата, рече Пекевски.

Од Регионалната Ромска Образовна Младинска Асоцијација истакнаа дека организацијата се фокусира на филозофијата на зајакнување, мобилизација и еднаков дијалог, помеѓу локалните власти и Ромската заедница, се со цел гласот на Ромската заедница да биде слушнат.

Претходно, градоначалникот на Берово имаше можност да биде дел од настаните ,,Иднината на Ромите", ,,Синтите и патниците во Европа",  ,,Предизвици и можности во координирање на централните и локалните напори за вклучување на Ромите" во рамки на Ромската недела 2024. вс/дма/


Фото: МИА

Остани поврзан