• понеделник, 07 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кривопаланечкото основно училиште „Св. Јоаким Крчовски“ повторно со признание „е-Твининг училиште“

Кривопаланечкото основно училиште „Св. Јоаким Крчовски“ повторно со признание „е-Твининг училиште“

Крива Паланка, 2 април 2025 (МИА) - Основното општинско училиште „Свети Јоаким Крчовски“ Крива Паланка е официјално признато како „е-Твининг училиште“ за периодот 2025-2026 година. 

- Се работи за значајно признание што ја потврдува посветеноста, иновативноста и тимската работа во унапредување на квалитетно, инклузивно и современо образование, изјави директорката на училиштето Анета Стојковска.

Таа посочи дека ова признание значи препознатливост за самото училиште и го одржува континуитетот на воспитно-образовната установа на членство во оваа престижна европска платформа.

- Наградата „е-Твининг училиште“ ја доделува Европската комисија на училишта кои се истакнуваат како лидери во: иновации и дигитални практики, инклузивно образование, тимска работа и споделено лидерство, но и за лидерство како пример за други училишта во Европа. Со ова признание, нашето училиште станува дел од мрежата на водечки европски училишта кои работат на унапредување на образованието преку иновативни методи и ИКТ алатки, рече Стојковска.

Според неа, ова признание е заеднички резултат на трудот, посветеноста и соработката на самите наставници, ученици и родители, за што упати благодарност до сите што се дел од оваа, како што рече, приказна за успех. Порача дека продолжуваат да ја градат и во иднина, полна со знаење, иновации и инспирација.

Училиштето е дел од „е-Твининг“ платформата повеќе од една деценија, а наставниците, стручните соработници и учениците активно работат на е-Твининг проекти и се добитници на повеќе е-Твининг награди. ид/мд/

Фото: ООУ „Св.Јоаким Крчовски“ Крива Паланка 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан