• сабота, 26 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Кавадарци доби отсек медицинска сестра во средното образование 

Кавадарци доби отсек медицинска сестра во средното образование 

Кавадарци, 2 април 2025 (МИА) - Кавадарци доби отсек медицинска сестра во средното образование, информираше денеска претседателот на Совет на Општина Кавадарци, доктор Стојанче Рамов, изразувајќи задоволство и благодарност што добиле верификација од министерката за образование и наука Весна Јаневска и од 1 септември ќе стартувал нов смер медицинска сестра во средното општинско училиште „Ѓорче Петров". 

-Општина Кавадарци континуирано работи на унапредувањето на воспитно образовните услови во урбани и рурални заедници, нагласи тој.  

Притоа упати благодарност до раководството на училиштето кое потпишало меморандум за соработка со ЈЗУ Општа болница Кавадарци и други медицински установи. свд/вј/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан