• недела, 06 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта  

СВР Куманово приведе две лица, возеле со 1,57 и 1,68 промили во крвта  

Скопје, 2 април 2025 (МИА) - Полицијата синоќа во 23:20 часот го лишиле од слобода А.М.(37) од Куманово. При контрола било констатирано дека тој управувал патничко моторно возило „рено“ под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,68 промили.

Како што соопшти МВР, против него ќе биде поднесена кривична пријава „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297а од Кривичниот законик.

Во друг случај, пак, ноќеска во 00:20  часот, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода М.П. (34) од Крива Паланка. Тој на 1 април 2025 во 22:10 часот на магистралниот пат Крива Паланка - Деве Баир со товарно моторно возило „волво“ со скопски регистарски ознаки излетал од коловозот.

М.П. се здобил со телесни повреди, констатирани во Здравствен дом во Крива Паланка, а било констатирано дека има 1,57 промили алкохол во крвта. Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член  297а од Кривичниот законик  „безобѕирно управување со моторно возило“. мд/бак/

Фото: МВР 

Остани поврзан