Објавена книгата „Стоиме заедно против ракот“ од Зана Кењар
- Книгата „Стоиме заедно против ракот - 40 совети како да му помогнете на болниот и себеси“ од Зана Кењар, наша сонародничка која живее и работи во САД е објавена во Македонија во издание на „Бата прес“. Станува збор за емотивна и трогателна сторија, според вистински настани, напишана во најголем дел во стихови.
Скопје, 14 септември 2025 (МИА) - Книгата „Стоиме заедно против ракот - 40 совети како да му помогнете на болниот и себеси“ од Зана Кењар, наша сонародничка која живее и работи во САД е објавена во Македонија во издание на „Бата прес“. Станува збор за емотивна и трогателна сторија, според вистински настани, напишана во најголем дел во стихови.
„Стоиме заедно против ракот“ е полна со едноставни и практични совети како да му се помогне на болниот – со убав збор, молитва, посета, дружење. Таа го опишува патот на авторката која му помагала на својот брат во неговата битка со ракот и ги повикува сите луѓе да испратат „позитивна и лековита енергија кон сите кои се соочуваат со некоја сериозна тешкотија.“, велат од издавачката куќа.
Опишува како постојано планирала активности, меѓу кои и патување до родната Македонија, за да му ја врати надежта на својот брат.
Зана Кењар е родена во Струга, 1971 година. Во 1987 година заминала во САД, Дипломирала на факултет за менаџмент и повеќе од 20 години работи како жена-лидер и консултантка што успева да ги инспирира своите колеги со својот позитивен и оптимистички пристап.
Таа е автор на интернационалниот бестселер „Becoming a Legacy Leader“ (Да се стане лидер). Како основач на издавачката куќа ZK Publishing House, таа ги инспирира другите да ги остварат своите соништа преку пишување, издаваштво и лидерство. сст/