Успешно гостување на битолски актери во Шведска
- Пред македонските иселеници во Шведска, битолските актери ги изведоа претставите ,,Ако останеш дома" работена по мотиви на Карој Сакони и „На гости кај Кате и Фреда“, подготвена според делото на Ингеборг Фон Задов, и двете претстави во режија на Јован Ристовски.
Битола, 12 декември 2025 (МИА) - Актери на НУ Народен театар и театарот Бабец, на покана на македонско-шведското друштво „Пелистер“ гостуваа во градот Трелеборг.
Пред македонските иселеници во Шведска, битолските актери ги изведоа претставите ,,Ако останеш дома" работена по мотиви на Карој Сакони и „На гости кај Кате и Фреда“, подготвена според делото на Ингеборг Фон Задов, и двете претстави во режија на Јован Ристовски.

Приходот од продадените билети за двете театарски претсави беше дониран за ,,Македонска Библиотека Трелеборг” и придонесува во развојот на македонската заедница во Шведска, истакнаа организаторите на културниот настан во Трелеборг. мт/мч/
Фото: НТБ